Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Rontis godisnina fin

Колку години лојалност кон фирмата толку илјади денари повеќе вредеа ваучерите што во саботата, на 9 февруари, во хотел Гарденија во Велес, ги добија како награда вработени во ДПТ „Ронтис“ ДООЕЛ Велес. По единаесет години вкупно 80 работнички и работници се веќе добитници на парични награди. Нив ги делеа сопствениците на компанијата кои дојдоа од Грција и Швајцарија за да присуствуваат на традиционалната годишна средба со вработените.

pofaleni rabotnicki fin

Честа годинава за прв пат да ја прогласи добитничката на наградата на годината, што мултинационалната корпорација ја востанови, која се состои од статуетка ја имаше менаџерот од Бордот на директори, Василопулис. Во кусото обраќање пред вработените тој се заблагодари за нивниот ангажман во работниот процес и постигнатите резултати и неколку пати повтори дека се гордее што сите се дел од едно семејство во кое се отворени да примат нови членови.

bojanailjubica fin

-Оваа награда започнува со номинација од сменоводителките, потоа предлозите доаѓаат кај госпоѓата Костадинова за потоа процесот да расне и да оди кон повисоко ниво во кое се вклучува менаџментот на македонската фирма која е дел од корпорацијата. Годинава предлогот требаше да го потврди менаџерката Бојана Димова и таа тоа го стори и ни го испрати предлогот нам, на Бордот но ние не го прифативме со образложение дека дополнително ќе одлучиме дали ќе има некој награден. Бордот на корпорацијата годинава за оваа прва статуетка донесе одлука да и ја додели за напорот, убавата насмевка и вложениот труд на Бојана Димовска, рече Василопулос.

Тој и ја врачи статуетката на менаџерката на македонската фирма на корпорацијата со зборовите: „Бојана, те почитуваме, цениме, поддржуваме и сакаме“ кои кај Димовска предизвикаа изненадување, многу емоции и исто така солзи.

- Ви благодарам на овие убави зборови но сакам да знаете дека ништо не ќе можеше да се случи без Вас, рече Димовска.

По официјалниот дел за сите вработени во македонската фирма на мултинационалната корпорација „ Ронтис“ беше организирана забава./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.