Сочувство од Велешани, Градоначалникот и Советот на општината до семејствата на загинатите во автобуската несреќа кај Гостивар
Објавено на 14 февруари, 2019 во 10:58
Нема зборови што можат да ја опишат неизмерната тага и болка за изгубените животи и траумите на преживеаните сограѓани во вчерашната кобна сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово. Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите граѓани, изразувам искрено сочувство до семејствата на загинатите и повредените.
Велес сочувствува со Гостивар и другите градови чии граѓани ги изгубија животите. Се надевам дека повредените лица брзо ќе закрепнат и ќе им се вратат на своите семејства. Општина Велес останува на располагање за било каква помош и поддршка во овие трагични моменти за Македонија.
Градоначалник на Општина Велес, Аце Коцевски