Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

morbili fin

Родители во Велес обвиваат да ги вакцинираат своите деца. Тие не се необразовани туку напротив и припаѓаат на категоријата интелектуалци па дури и лекари. Меѓусебно се добро организирани и вршат влијание над останатите да не ги вакцинираат децата од морбили, мали сипаници, на 366 ден од раѓањето и на шест годишна возраст за да не заболело подоцна од други болести . Токму воздржувањето од вакцинација ја предизвика епидемијата со морбили во Скопје каде за жал има и случаи кои завршија со фатални последици врз детските животи.

- Вакцинирањето во руралините средини резултира со 95% додека во градот Велес со 78 отсто. Социјалните мрежи влијаат да се води антикампања за вакцинирање. Градот е ризична влегува во ризичната група со тоа што десет години се случува процентот на вакцинација да опаѓа, рече специјалистот по епидемиологија Билјана Трајкова од ЈЗУ Центар за јавно здравје на седницата на Советот на Општина Велес на која се расправаше за Билтенот на епидемиолошките заболувања на подрачјето на општина Велес во 2018 година.

Претходно координаторката на советничката група на позицијата предводена од СДСМ, Весна Стојанова Богоевска, додека на прес конференција ги најавуваше точките на денешната седница на Советот одговори на новинарското прашање каков став ќе изградат токму по ова прашање за да стимулираат родителите да носат правилни одлуки кога треба да ги носат децата на вакцинации.

vena fin

- Секој родител е тој што има право да одлучи но за доброто на децата. Советничката група на позицијата има изградено став по ова прашање но треба да се одржи седницата на Советот за да се изгради генералниот став затоа што тоа е проблем што ги засега сите наши деца во општина Велес, рече Стојанова Богоевска.

За здравјето на децата одговорност носат родителите кои во вистинскиот момент треба да одлучат дали ќе и веруваат на медицината или пак ќе потпаднат под нечие влијание. Последните искуства покажаа дека инфективната болест морбили, која може да се спречи со примање на вакцина, зеде неколку детски животи во државата./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново