Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

forum1 fin

Седум концепт идеи денеска промовираа учесниците на вториот регионален форум кој е дел од проектот "Одржлив и инклизивен рамномерен регионален развој", во Вардарски плански регион. Најголем дел од нив се однесуваа на заштитата на животната средина, развој на туризмот преку маркирање на велосипедски и пешачки патеки, изградба на скејт парк , развој на туристички дестинации, заштита на предел за развој на екстремни спортови, за опремување на Младински бизнис иновативен центар, реставрација на градските зидини на Стоби и реставрација на владетелска палата од IV век п.н.е на локалитет Била Зора како и поставување контејнери (подземни) за селектирање на отпад и набавка на возила за транспорт на селектираниот отпад.

Forum3 fin

Најголем дел од нив во формирани групи кои ги претставуваат општините, јавните институции и граѓанските организации , по презентацијата, добија сугестии за надополнување со активности. На дел им беше сугерирано да се спојат кон други за да се формираат целини кои имаат меѓусебна поврзаност.

Forum2 fin

На третата форумска сесија што ќе се одржи на 25 февруари ќе биде донесена конечната одлука кои три концепт идеи ќе бидат избрани и предложени за финансирање од страна на Вардарскиот плански регион во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министертвото за локална соработка, во рамките на проектот "Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој"./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.