Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Forumnazaednici1 fin

Регионален бизнис центар на успешност со седиште во Велес, Скејт парк со велосипедски и пешачки патеги во Кавадарци, Демир Капија и Чашка и Реставрација на владетелската палата на археолошкиот локалитет „Била Зора“ се трите проектни идеи кои добија најголем број на гласови последната форумска сесија. Тоа се проекти подготвени од тимови, претставници на општинската администрација, јавните институции и граѓанските организации од деветте општини во регионот

Forumnazaednicite3 fin

Квалитетни проекти понудија и Археолошкиот локалитет „Стоби“ за реставрација на градските ѕидини како и групата која работеше на развој на животната средина и одлучи да подготви предлог апликација за поставување на подземни контејнери во поголемите градови и да обезбеди какти за помалите во Вардарски плански регион.

Но според гласовите на претставниците на граѓанскиот сектор и на општините од регионот избрани беа првите три. Сега тие ќе го треба да го поминат филтерот на Швајцарската агенција за обнова и развој која се појавува како донатор на финансиските средства за реализација на еден од прворангираните проекти. Финансиската поддршка изнесува 122 илјади швајцарски франци.

Forumnazaednicite2 fin

Форумот на заедниците го организираше Вардарски плански регион и на трите сесии учествуваа претставници од сите девет општини, јавни институции и граѓански организации во регионот/У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново