Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

JavorslikanodDerven fin

Отстранетото дрво не спаѓа во платанови стебла,јавори, кои се прогласени за споменици на природата на територијата на Општина Велес и таквата пласирана информација по социјалните медиуми е дезинформација, напишаа од ЈКП „Дервен“ во реакцијата на текстот објавен на веб порталот Дума.мк за исеченото дрво на ул: „Даме Груев“ пред куќата со број 15 во Велес.

„Почитувани, одлуката да се пресече дрво со голема старост, кое со децении ја красело улицата и нудело сенка за минувачите, никогаш не е лесна одлука. Но, кога жителите од околните куќи тоа го бараат поради тоа што им е страв дека дрвото е разгрането врз покривите на нивните куќи и може да падне и предизвика опасност и штета, за што тие веќе неколку пати се жалеле дека огромни гранки од дрвото при посилен ветар паѓале врз покривите на куќите каде живеат, таквото барање мора сериозно да се земе во предвид и кога потоа стручни лица ќе проценат дека тоа дрво е нестабилно поради потпорниот сид над дрвото и веднаш до него отвор од скривница, тогаш како огромна потенцијална опасност по околината, таква одлука мора да се донесе. Дрвото беше отстрането од страна на ЈКП Дервен, а по барање на жителите на улиците: „ Даме Груев“ и „Петар Дељан“, по што следеше извршен увид на лице место од страна на стручни лица и добиено мислење од нивна страна дека дрвото претставува опасност по околината. По добиено одобрение од страна на Општина Велес за негово отстранување врз основа на претходното дрвото е отстрането,“ пишува во реакцијата на Јавното Комунално претпријатие „Дервен“./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново