Владици на Епархијата Повардарска
Во претходен текст објавен на порталот Дума.мк пишував за црковниот живот во Велес и за Владиците кои ја извршувале својата мисија во периодот од 1800 до 1850 година. Овој текст е продолжение со останатите податоци кои се однесуваат на периодот од 1912 до 1958 година, кога Македонија била под окупации и во состав на стара Југославија, се до ослободувањето и до прогласувањето на Македонската православна црква за афтокефална. Ќе ги објавиме податоците кои успеавме да ги пронајдеме. Сакам да кажам дека доистражување е потребно.
Првиот текст посветен на оваа тема наиде на пофалби од поголем број читатели но, секако добронамерно, еден дел од читателите ни укажаа и на грешки и пропусти. Затоа ќе соопштам дека додека истражував користев податоци и на бугарскиот истражувач Васил Кнчев кој подолг период престојувал во Македонија во 19 век.
Ми пишувате дека и пред 1800 година имало пишани документи. Точно, но ние во текстот ги бележиме само имињата на митрополите после оваа година. Други ни пишуваат дека не се пеело во црквите на славјански јазик или на велешки дијалект. Тогаш на кој јазик зборувале старите Велешани? Дали на српски, грчки, албански, бугарски јазик или на мајчин, македонски со велешки дијалект. Точно е дека во тој период не постоел македонскиот јазик, но, точно е и тоа дека велешани го зборувале мајчиниот јазик со велешки дијалект. Дали Мишо Кушев бил влав и дали толку долго живеел не знам. Тоа го пишува Кнчев и неговите податоци ги пренесов.
За изградбата на соборната црква „Свети Пантелејмон“ и за митрополитот Игнатиј, направена е грешка. Точно е дека црквата е изградена во 1840, а Игнатиј починал 1842 година. Бугарскиот истражувач Кнчев е категоричен дека во црквата „Свети Спас“ не се пеело на грчки јазик. Дали е навистина така ќе доистражам но, искрено сметам дека немал интерес да не ја пишува вистината. Уште еднаш на сите читатели, кои , добронамерно ни забележуваат им благодариме.
А сега продолжението на текстот ќе со започнам со имињата на Митрополитите од 1855 до 1912 и од 1958 до денешен ден.
По Антим, кој во Велес бил Епископ од 1856 до 1866 година, дошол Генадиј. Генадиј во духовниот живот на Велешани е забележано дека учествувал две години. По него, во периодот од 1872 до 1874 година, за Епископ е именуван Дамаскин додека него во наредните две години го наследил Епископ Методиј. Потоа следува подолг временски период, од цела деценија, во која оваа должност ја извршувал Авксенти втори додека Епископ Мелетиј од 1907 до 1912 година.
Тешко се доаѓа до имињата на бугарските и српските Митрополити за време на балканските, Првата светска војна, владеењето на Стара Југославија како и имињата на Владиците поставени од Српската Православна Црква за време на стара Југославија, се до прогласувањето на Македонската православна црква за афтокефална. Тоа се случи на 19 јуни 1967 година во црквата „Свети Климент Охридски“, по 200 години од укинувањето на Охридската архиепископија, кога со свечена литургија, Светиот Синод ја прогласи Македонската православна црква за Афтокефална.
Вториот црковно-народен собир се одржа во Охрид на 4 октомври 1958 година. На собирот учествуваа вкупно 219 делегати (свештеници и мирјани) во црквата „Света Софија“ кога беше донесена Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија. Господин Доситеј беше предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно беше избран за Архиепископ Охридски и Скопски како и за прв Митрополит Македонски. За време на изборот биеле сите канбани во Охрид. По појавувањето на Доситеј во црквата „Света Софија“ нему Нестор Поповски, официјално, му ја соопшти Одлуката за возобновување на Охридската Архиепископија како и Одлуката за избор на прв Поглавар на Македонската православна црква.
Првиот Митрополит на Епархија Повардарска, Господин Гаврил
По десет години од овој настан за прв Митрополит на Eпархија Повардарска е назначен Гаврил кого во 1989 година го замени Митрополитот Михаил.
Втор Митрополит на Епархија Повардарска, Господин Михаил
Наследник на Митрополитот Михаил беше Митрополитот Вранишковски, протеран од Велешани додека Епархијата во времетраење од четири години го доби за администратор Митрополитот Тимотеј .
Од 2006 година до денеска Митрополит на Епархија Повардарска е Господин Агатангел.
Велес, како град постоел уште пред раѓањето на Христа. Со својата бурна историја се развивал и опстојувал во разни временски прилики и неприлики како што се војни, земјотреси, пожари, студови и поплави. Со бројните манастири и цркви градот во средниот век прилегал на мала Света Гора додека како Епископско седиште се спомнува уште во XII век. Со тоа се потврдува дека во него и во околните места се одвивал буен духовен и културен живот.
Стоилко Андреевски