Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kocevski i Timonie fin

Република Северна Македонија постигна значајна етапа со постигнување на Преспанскиот договор, намаса е сеуште Агендата 18 што треба да се исполни и исто така списокот на сите услови кои што беа испорачани лани во месец јуни од Европскиот Совет и има уште неколку месеци пред нас за работа за да се исполнат условите за пристапно членство на државата во Европската Унија. Успешните претседателски избори, без манипулации и злонамерна волја, за да се сврти страницата од 27 април се дел од очекувањата на земјите членки на ЕУ што ќе влијаат на атмосверата и убедувањето дека државава е здрела да забрза кон европскиот пат, рече Амбасадорот на Република Франција во Република Севрена Македонија Кристијан Тимоние на прес конференцијата во рамките на официјалната посета на Општина Велес.

Тој вака одговори на новинарското прашање дали навистина Франција и Холандија се меѓу најскептичните земји за почеток на преговорите на Унијата со Македонија, што како став на унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто го пренесе МИА .

-Ние не сме секогаш убедени на начинот на кој Унгарија гледа на демократијата и не сум квалификуван да расудувам за убедувањата на унгарскиот шеф на дипломатијата и доколку можевме да избираме ќе изберевме друг портпарол. И ќе избереме, рече Тимоние.

Тој додаде дека скептицизмот кој можеби постои не доаѓа од Владите на земјите членки на ЕУ кои немаат ништо против Република Северна Македонија туку напротив туку тоа се однесува на јавното мислење за регионот за кои сметаат дека повеќе испорачува проблеми отколку решенија.

Timonie fin

-Но, Преспа беше навистина спротивен сигнал кој што беше поздравен и поддржан од сите и треба да се зајакне, преку реформи , нивно конкретно спроведување и генерално политичка зајакната клима. И токму тоа е пораката што јас им ја упатувам на политичките партии бидете позитивни како што сме ние, додаде Тимоние.

По средбата, Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски соопшти дека во разговорите со Амбасадорот Тимоние размениле мислење за патот на Република Македонија кон ЕУ и за состојбите во Општина Велес како и за соработката со француските општини и институции.

-Искрено сакам да му се заблагодарам на господинот Тимоние кој е еден од доајените во дипломатскиот кор во Република Македонија и не само сега туку и во сите прилики. Посебно сум импресионирамн од длабочината на неговите познавања на актуелните состојби во Република Македонија и на специфичниот начин како тоа умее да го претстави пред официјалните лица во државава и да даде силна поддршка, рече Коцевски.

Тој и Амбасадорот Тимоние разговарале и за подобрата презентација на македонските вина на францускиот пазар. /У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.