Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

foto stocarivosalanaOpstinaVeles fin

Производителите на јагне му се налутија на министерот за земјоделство Љупчо Николовски бидејќи во рокот што му годадоа, 48 часа,не добија конкрето решение поточно субвенции за покривање на разликата од производната до откупната цена. Според нив и понатаму откупувачите ги уценуваат давајќи им ниска цена што не им ги покрива трошоците за производство на јагне. Затоа предвреме ја напуштија трибината што денеска се одржа во големата сала на Општина Велес. Тоа се случи штом министерот Николовски, одговарајќи на нивните прашања, рече дека некој од сточарите не ја кажувале вистината.

-Постојано откупот на јагнето започнувал на 10 март. Годинава нема и тоа намерно го прават за да порасне јагнето и да не газат со цената,рече Имер Зејнелов сточар од село Горно Врановци

foto stocaripredopstinaVeles fin

Сточарите на трибината ги прашаа претставниците од министерството, агенцијата и останатите од земјоделските институции во државата и во подрачните единици зошто ги одолговлекувале контролите на трлата. Токму тоа, според нив, е причина и за неисплатените субвенции.

-Јас лично како претседател апелирам вгодина да дојдат и секое трло да го проверат. Тогаш сите ние ќе имаме овци и ќе имаме закон. А не системски ги вадат 15-20 трла и немало да земат. Бре мајката од месец октомври се тие контроли и до сега неуспеаја навреме да ги спроведат и пуштат парите навреме, рече Митко Јанков - претседател на здружението „Агроцентар“ – Велес

foto ministerLjupcoNikolovskivoVeles fin

Прво попис на грлата во стадата а потоа правилна распределба на субвенциите. Тоа го соопшти министерот Николовски. Според него тоа ќе овозможи повеќе пари за сточарите. Министерството ја следи состојбата со откупната цена и ќе направи се сточарите да бидат задоволни.

Сточарите од трибината заминаа на итен состанок за да ги дефинираат следните чекори откако пред два дена се заканија дека доколку не се превземат итни мерки тогаш ќе протестираат со тоа што своите стада ќе ги изнесат на улица. /У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново