Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

SokoliSultana fin

Семејството на ѕидарот Сокол и неговата сопруга Сута Арсови било едно од најпознатите во маалото „Црна Џамија“, во стар Велес, во кое живеело македонско и турско население. Турците во периодот пред исселувањето биле побројни во овој дел на Велес. Роден во селото Скачинци, во 1887 година, по втор пат се оженил со Сута, од селото Свеќани откако починала неговата прва сопруга Анастасија на породување.

Мајстор Сокол се преселил во Велес поради тешкиот живот во селото. Со сопругата Сута, мајка на посиноците Борис и Цветан , живееле во домот на тогаш познатиот фризер Петре Меанџиев. Штом мајсторот заштедил доволно средства ја купил куќата во близина на месноста „Црна џамија“. Сута била домаќинка и се грижела за децата, а Сокол ја обезбедувал егзистенцијата на семејството. Неговото мајсторство умееле да го ценат сограѓаните кои не штеделе на цена за да го ангажираат во изградбата на нивните домови.

SokoliSultanasosemejstvoto fin

Султана и Сокол со дел од најблиските на семејна веселба

Посинокот Борис , роден 1917 година од првиот брак на Сута ,го изучил занаетот и станал добар мајстор касап. Но, не работел долго во месарница туку се вработил како кочничар во железница. Бил вреден и ценет работник. На дваесет и четири годишна возраст Борис се оженил со убавата Наталија од селото Рудник. Татко му Сокол му направил голема и убава свадба на која покрај најблиските биле канети сите во маалото. Борис со Наталија станале родители на три деца: Цветанка, Симон и Сутка, крстена со името на мајката на Борис, Сута.

Снаата на Борис, Милка, беше мојот соговорник при подготвувањето на оваа новинарска приказна.

„Од свекор ми Борис лош збор не можеше да се слушне. Ги почитуваше многу татко му Сокол и мајка му Сута и покажуваше голема љубов кон сопругата Наталија, двете ќерки и синот Симон. Тој беше човек што незнаеше за умор. Си доаѓаше од работа и по неколку часа одмор заминуваше на лозје. Имаше многу убаво и големо лозје и со гордост раскажуваше дека во велешко нема поубаво од неговото. Многу беше среќен кога ги доби внуците од ќерка му Цветанка, син и ќерка, како и на двете внуки што му го подаривме јас и сопругот Симон. Убавите моменти што ги одживеав со него беа причина да го почитувам како и мојот роден “, рече Милка.

Но животот понекогаш умее да биде и немилосрден кон луѓето.

Тоа се случило во ова семејство кога во 1944 година пристигнала тегобната вест дека вториот посинок, Цветан Арсов, починал во софиската болница „Александров“.

Cvetanprvoborec fin

Првоборецот Цветан Арсов

Тој бил истакнат активист во напредното младинско движење на мошне млада возраст. По окупацијата на Македонија се вклучил во собирањето на оружје и муниција за народно ослободителното движење. Учествувал во сите акциии и во 1941 година бил примен во СКОЈ. Бугарските власти го следеле и го регрутирале да служи војска, во морнарица. По капитулацијата на Бугарија Цветан се вклучил во македонската народно ослободителна бригада „Гоце Делчев“ каде бил одговорен за воспоставување на телефонските и телеграфските линии. При извршување на една задача, на 12 септември 1944 година, бил тешко повреден во сообраќајна незгода по која и покрај укажаната помош починал. Тој по ослободувањето на Велес од фашистичката окупација бил прогласен за првоборец. 

„Дедо Сокол и баба Сута, многу тагуваа по смртта на Цветана. Судбина било, велеше дедо додека баба Сута, често, кришум, ќе влезеше во малата соба и држејќи ја сликата на Цветан, долго плачеше. Со болка во душата отидоа на оној свет. По нив почина и свекор ми Борис, а по него и сестра му Цветанка. Минатата година почина и мојот сопруг Симо. Сега живеам со ќерките и моите внуци кои достојно ја продолжуваат лозата на Арсови“, вели внуката Милка.

Инаку, мајстор Сокол и Султана, станале родители прво на синот Киро потоа на ќерката Трајанка и на уште два сина, Богдан и Тодор, како и на втората ќерка, Роса.

Синот Киро, роден 1898 година, се оженил со Анастасија од Прцорек. Тие имаат три деца: Добра, Блага и Данка. Бидејки Анастасија починала Ристо се преженил со Камка со која имаат синот Бранко.Трајанка млада се омажила за берберот Благој Матев. Тој го оставил занаетот и по слободувањето на градот од фашистичката окупација се вработил во фабриката за поправка на вагони „Колска“. Трајанка и Благој имаат две ќерки Слоботка и Цвета.

RistosoLiljanakerka i vnukata fin

Ристо и Мира Арсови со ќерката Лилјана и внуката

Ристо пак завршил за машински техничар и се вработил во Колска, а потоа во велешката топилница за олово и цинк. Се оженил со Мира Смилева. Тие се родители на една ќерка, д-р Лилјана, родена во 1955 година и три години подоцна на синот Трајче познат по прекарот Сокол. Д-р Лилјана живее и работи во Белград. Третиот син Богдан се родил во селото Скачинци и тој останал да живее таму. Се оженил со Павлина со која имал две деца, ќерка Зора и синот Богдан, кој починал млад. Четвртиот син Тодор, роден во 1904 година се оженил со Невена со која имале шест деца, три ќерки Ратка, Цвета, Ката и три синови Владо, Борко и Аце. Најмалата ќерката Роса се омажила за Андо Василков.

Arsovinajnova fin

Дел од семејството Арсови на семејна веселба

Многудетното семејство на Сокол и Сута Арсови има потомци кои денеска живеат во Велес и се особено горди на своите пра пра дедо и баба како што се дедо им Арсо, со синовите Ристо и Пано, па синовите на Ристо , Сокол, Киро, Богдан, Тодор и Роса, потоа нивните синови, снаи и внуци.

Велешани за семејството Арсови велат дека е домаќинско и чесно.

Стоилко Андреевски

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново