Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Veleska bolnica naslovna

На велешката болница и треба магнетна резонанца. Апаратот е неопходен оти во болницата секојдневно се носат пациенти, жртви на полесни и потешки сообраќајни несреќи. Наместо да се препраќаат во клиничките центри во другите градови, повредените ќе се третираат во Велес. Магнетната резонанца ги снима и меките делови но и точно открива повреди на коските на човечкото тело. Крварењата во мозокот и проблеми на рбетниот мозок, како и здравствени промени во човечкото тело.

direktor d r Bozidar Bojagjiev fin

Д-р Божидар Бојаџиев, директор на ЈЗУ „Општа Болница“ - Велес

- Незаменлив е во дијагностицирање на проблемите во кичмата апарат кој може да се користи за дијагноза на патологија на меки ткива. Многу прецизен апарат и е многу значаен ако ние го имаме во нашата болница од причина што имаме централна позиција во државата и поради тоа што во Вардарски регион скоро и да нема таков апарат. А покриваме повеќе општини. Тој апарат има многу широка примена, рече д-р Божидар Бојаџиев, директор на ЈЗУ општа болница Велес.

Тој додаде дека медицинскиот апарат би бил особено значаен за прецизно лоцирање на повредите кај пациентите кои настрадале во сообраќајни несреќи .

Според податоците на Секторот за внатрешни работи во Велес, во изминатите три месеци годинава на автопатот А – 1, делницата Велес – Гевгелија , се случиле 18 сообраќајни незгоди од кои во една има и жртва. Во 2018 година, на истата делница, се случиле 133 сообраќајки во кои една завршила со смртна последица.

Освен во сообраќајките, магнетната резонанца, е потребна и за граѓаните од Вардарскиот дел на државата кои имаат здравствени проблеми и мораат да одат во Скопје или во Штип на снимање.

doktorkiodRengenologija fin

Дел од тимот на Одделението за Рентгенологија во болницата, лекар специјалист и ренген техничар

Затоа ЈЗУ „Општа болница“ Велес испратила барање до министерството за здравство во кое го бара овој медицински апарат. Директорот д-р Бојаџиев рече дека добро е екипирано одделението за Рентгенологија во кое седумте доктори специјалисти, рентгенолози се стручни и веќе работат во две смени. Тие и рентген техничарите дежураат и во ноќна смена. Дневно даваат по шеесет здравствени услуги на пациенти кои за потребите од компјутерска томографија , ехо и мамографија доаѓаат од Штип, од Кочани и од други градови од истокот на државата.

aparatKT fin

Медицинскиот апарат за компјутерска томографија 

Исто така за потребата од медицинскиот апарат на велешка болница зборуваше и министерот Венко Филипче. При неговата последна посета на болницата тој одговори на новинарско прашање кога рече дека здравствената институција заслужува да има магнетна резонанца, која иако е многу скапа, е многу значајна за граѓаните од централниот дел на државата. Но министерот тогаш не кажа кога болницата ќе добие ваков медицински апарат.

Автор на текстот: Симона Андреева, ученичка во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“

Во подготовката на текстот помагаа: Елена Христовска, Марија Мирчевска, Елена Ристовска и Тамара Велкова, ученици во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“

slika

 

 

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново