Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Pendarovskizboruvasiroka fin

-Ако истата екипа што вечерва е со вас Велешани во 2014 година успеа да добие 400.000 гласови, во време на најтешката диктатура, тогаш немојте да ми се јавувате доколку сега во првиот круг на претседателските избори 2019 година немаме 500.000 гласови. Гласаме за истиот број 3 како и пред пет години, истиот број и тим е и не го менуваме. Тогаш победивме реално а сега ќе победиме вистински, им порача на крајот од централниот митинг на претседателската кампања 2019-та на Велешани кандидатот на СДСМ со коалиционите партнери Стево Пендаровски. 

Тој пред граѓаните соопшти дека како претседателски кандидат заедно со владата немаат намера да отстапат ни милиметар од заложбите за конечна правда во државата, цитирајќи го притоа добро познатиот слоган на Шарената револуција „Нема правда – нема мир“ која успеа со пенкало урна диктатура.

PENDAROVSKI fin

-Затоа што тоа е една од оските на кои нашата земја и општество почива и утре ако станеме земја членка на ЕУ мора да се почитува под број еден. Слушате деновиве дека деновиве се водат интезивни дебати за идниот статус на СЈО . Владата и јас како претседателски кандидат немаме намера да отстапиме ни милиметар да ја истераме правдата до крај. Многу пати видовме, од недавањето на мандат со 61 собрани пратенички потписи. Изгледа ни било пишано по потешкиот пат да одиме но, ќе го изодиме и СЈО мора во некаков облик и понатаму да ги гони криминалците од режимот но исто така и некој од нас што ќе се огреши од законите на државата. Само држава во која не царува културата на неказнување може со право да каже дека е демократска и европска. Нашата главна цел е токму таа. Северна Република Македонија да биде демократска и правна држава, рече Пендаровски.

Тој вети дека ќе биде претседател на сите граѓани во државата без разлика на верската, националната и половата припадност. Пендаровски и Заев на митингот во Велес, ветија дека заедно ќе се борат за напредок и евроатланска интеграција на државата. 

Zaevselfi fin

Пред обраќањето Заев го направи своето селфи со Велешани

Zaevzboruva fin

-И Македонци и Албанци и Бошњаци и Роми и Турци и Срби и Власи и Египќани и сите покажавме големина и застанавме заедно ама и имавме зад кого да застанеме. Се појави Стево Пендаровски, човек кој што сплотува и обединува, не дели, човек за кој што сите се еднакви, го поддржа овој концепт едно општество за сите од самиот свој почеток. Човек кој што беше тука и во 2014-та и трчаше за да покаже грозотија на режим пред сите дека се украдени гласовите. Покажа и тогаш поддршка за нашата земја како и сега како надпартиски човек остана да се бори заедно со нас. И во Шарената револуција и како носител на листа, како координатор за НАТО и како член на парламетот вградувајќи енергија и мотивација во неговиот карактер и личност. Затоа денеска имаме кандидат за претседател што ако не постоеше требаше да го измислиме, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека во најтешките и најсуштествени моменти за судбината на државата, кога се подготвувал Договорот од Преспа, Пендаровски му бил суштествена потпора за секој збор напишан во документот. Според Заев вредностите што Пендаровски како човек ги носи во и со себе за обединување биле пресудни СДСМ со коалиционите партнери да одлучат токму тој да биде кандидат за иден претседател на Северна Република Македонија.

AngjusevsedisoZaev fin

На централниот митинг во Велес освен дел од раководството на СДСМ присуствуваа и лидери на коалиционите партнери, како Љубе Бошковски или претставници како и заменик претседателот на владата за економски прашања Кочо Анѓушев.

Strahil Todorov fin

Младиот лекар Страхил Тодоров беше само еден од дискутантите и ги соопшти своите причини зошто пред две години го сменил ставот па наместо во странство се вработил во Итната помош на Здравствениот дом во Велес/У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.