Здравствениот дом во Велес, светскиот ден на здравјето го одбележи со екипа на плоштад „Сармаале“ и бесплатни здравствени услуги
Сто дваесет и двајца Велешани денеска, недела 7 април, бесплатно проверија притисок, шекер во крв и вкупен холестерол на пунктот што Итната медицинска помош, два часа, го отвори на плоштад Сармаале во Велес. Граѓаните ги прегледуваа д-р Страхил Тодоров и д-р Елеонора Јованова, лекари по општа медицина во Здравствениот дом додека мерењата на притисокот, шекер во крв и вкупен холестерол го реализираше медицинска сестра.
– Целта на светскиот ден на здравјето е превенција затоа што многу помалку пари од здравствената каса се користат на превенција отколку за лекување. Затоа ЈЗУ „Здравствен дом“ Велес обезбеди медицинска екипа која на плоштадов за да можат граѓаните бесплатно да се прегледаат. Она што ние овде го правиме е мериме притиско и на граѓаните со здравствени проблеми им мериме шекер и вкупен холестерол во крвта. За черириесеттина минути прегледавме 46 граѓани што според нас е задоволителна бројка. Тоа што мене ме радува е што пациентите ги примаат нашите совети, им укажуваме на недостатоците во нивната здравствена состојба и каде треба понатаму да се обратат дали кај матичните лекари или кај специјалистите од соодветната област за конкретзирање на дијагноза и одредување на терапија што во иднина ќе им ја подобри нивната здравствена состојба, рече д-р Тодоров.
Акцијата на Здравствениот дом во Велес започна во 10 часот и траеше во наредните два часа./У.Ј