Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Glasanje1 fin

Велешани, од рано утринава ги посетуваат избирачките места и го даваат својот глас за тројцата предложени кандидати за иден претседател на државата. Изборниот процес тече во мирна и демократска атмосвера. Навреме се отворени сите 84 избирачки места во Општина Велес и изборниот процес се одвива без проблеми, рече за Дума.мк Лили Велковска, претседателка на Општинската изборна комисија за Општина Велес.

Glasanje Lili Velkovska fin

-Од вкупниот број на избирачки места само две се со под 10 граѓани со право на глас на подрачјето на општината каде своето право на глас денеска можат да го остварат вкупно 45 933 гласачи. До 10 часот излезноста изнесува 7,16 % или изразено во бројка 3.289 граѓани, соопшти Велковска.

OIK Veles fin

Општинската изборна комисија е сместена во канцеларија во зградата на Подрачната единица на Бирото за развој на образованието.

IzboriGimnazija fin

Во зградата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ се наоѓаат три избирачки места. Тие се едни од најголемите според бројот на избирачи во градот. Процесот се реализира според демократски принципи, во мирна и празнична атмосвера, велат од избирачките одбори на овие три избирачки места.

IzvoriPretsedatelkaprva fin

- Избирачкото место е отворено точно во 7 часот, утринава, избирачкиот процес тече мирно и без проблеми и од вкупниот број на избирачи досега, до 12 часот, гласале околу 20 %, рече Виолета Јорданова претседателка на ИО на ИМ 2159.

IzboriPetrova fin

- Гласањето се одвива без забелешки од наша или од страна на гласачите. На ова избирачко место има 502 избирачи а од нив 118 или 23,5 % веќе го оствариле своето право на глас до пладне , рече Снежана Петрова заменик претседател на ИО на ИМ 2159/1.

izboripretsedatelkatreta fin fin

- На ова избирачко место има 831 гласач и веќе гласаа 194 или околу 23%, рече заменик претседателката на ИО на ИМ 2152, Менка Богоевска.

IzborihodnikGimnazija fin

Граѓаните кои веќе гласаа ги соопштија своите очекувања од дадениот глас за еден од тројцата кандидати за шестиот Претседател на Македонија.

-Очекувам да се грижи подеднакво за сите граѓани во државата, да имаме мирен и спокое живот и секако успех, рече Велешанка
-Очекувам да ја води државата според потребите и барањата на граѓаните и најприоритетно подобрување на условите за живот, рече Велешанка.
-Очекувам Претседател кој ќе биде за народот а не за столот оти народот испати многу. Јас сум стара и досега не сум испуштила ниту еден изборен циклус. Ке порачам умно и економично трошење на пари затоа што тоа се оди на терет на граѓаните, рече Велешанка.

Izboriglasac1 fin

Izboriglasac2 fin

Izboriglasac3 fin

Изборниот процес достоинствено и демократски тече и на останатите избирачки места на подрачјето на општината. Него го следат набљудувачи на граѓанската организација МОСТ додека голем дел од нив се посетени од претставници на ОБСЕ и на Светскиот македонски конгрес./У.Ј

 

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново