Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

DIK oficijalni podatociprvkrug fin

Според резултатите на Државната изборна комисија од гласањето во првиот изборен круг на петите претседателски избори во Македонија и први во Северна Република Македонија, во Општина Велес, вчера на 21 април, на 84 избирачки места гласале 21.075 лица од вкупно запишаните 45 933 во Единствениот избирачки список. Изразено во проценти тоа изнесува 45,82.

Од вкупно пребројаните гласачки ливчиња 989 се неважечки или 4,69%.

Според распоредот на гласачкото ливче, за претседателскиот кандидат Блерим Река гласале 324 лица или 1,54%, за претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова гласале 11.063 или 52,49% и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски гласале 8.699 лица или 41,28% од избирачите.

Во вториот круг на изборната трка, што ќе се одржи на 5 мај, годинава, ќе се натпреваруваат претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. /У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново