Патролата “Чичко Врап“ на велешките извидници освои прво место и обезбеди ваучер за летување на Јадранското море
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со дванаесет извидници или две патроли во категоријата на извидници и истражувачи-ровери на 46 Меморијал „Марко Граорковски“ што минатиот викенд, од 19 до 21.4.2019 година, се одржа во Катлановска Брезица. Патролата “Чичко Врап“ на велешките извидници освои прво место и обезбеди ваучер за летување на Јадранското море, во Буљарица, Црна Гора.
Во нејзиниот состав беа извидниците: Благој Ѓоргиев, Трајче Темелковски, Стефче Рогужаров и Кире Харалампиев. Патролата се натпреваруваше во категријата истражуважи-ровери додека, втората “Гемиџии“составена од извидниците: Иван Гушев, Тино Ангелов, Павел Шопов и Бојан Трендафилов земаа учество во конкуренцијата на извидници.
46 Меморијал Марко Граорковски“ го организираше извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје и Сојуз на извидници на Македонија и ги опфаќаше категориите извидници од 12 до 15 години и истражувачи-ровери од 16 до 24 години.
Учесници на Меморијалот “Марко Граорковски“ беа повеќе од 250 извидниците од Скопје, Велес, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп, Битола и гости од Ниш и Белград, Република Србија.
Меморијалот беше посветен на натпревари за традиционалната ориентација./У.Ј