Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

OJOtablaVeles fin

Обвинета е мајката на трите малолетни деца кои изгореа во пожарот лани, на 20 јуни во Велес, во куќарката под ридот Вршник. Таа, исто како и таткото на едно и очув на двете други малолетни деца на возраст од четири години, две години и една година ќе одговараат зошто не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно одредбите од членовите 44 и 46 од Законот за семејство.

Според обвинението на Основното јавно обвинителство поднесено до Основен суд Велес, 38-годишна жена и 46-годишен маж, сторил кривични дела – запуштање и малтретирање на дете. Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот.

Двајцата обвинети на 20 јуни 2018 година грубо ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија.

Од Јавното обвинителство велат дека се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе. Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за нивниот живот и нивното здравје. Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново