Општина Велес со мерки и активности по најавените обилни врнежи
Општина Велес ја информира јавноста дека по денеска,12 мај 2019 година, одржаниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување се договорени соодветни активности и се донесоа заклучоци кои ќе се спроведуваат во однос на најавата од невреме во следниот период.
Заклучоците се однесуваат на следново:
1. Ќе се изврши целосна проверка на сите одводни канали и шахти во однос на проодноста;
2. Во случај на потреба од чистење на каналите и шахтите, соодветни активности ќе превземе ЈКП „Дервен“ и по потреба Општина Велес дополнително ќе ги ангажира фирмите со кои има склучено договор.
3. Претседателите на сите урбани заедници ги известуваат сите сограѓанки и сограѓани за потребите од обезбедување на услови за заштита од невреме.
4. Екипа од ТТПЕ екипа ќе изврши повеќе проверки на повеќе критични точки:
• проверка вдолж речното корито на река Вардар на повеќе критични точки на излевање;
• проверка за потегот на м.в. Потокот, и следење на состојбата по тој одводен канал;
• проверка на потегот на Долнидуќани на делот кај карпата (која е опасна и постои можност за откинување на делови од истата), ако има потреба да се изврши и одбележување на патот со забрана за движење на возила и пешаци на овој дел. Се препорачува да се користи обиколниот пат;
5.Комисијата формирана од Општина Велес и претставници на ЈКП Дервен ќе извршат проверка на сите дрвја кои преставуваат опасност од паѓање и нанаесување на штета, а се наоѓаат покрај реката Вардар, во централното градско подрачје и на Градскиот стадион.
Оштина Велес упатува повик до граѓанките и граѓаните да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја како и да превземат соодветни активности за заштита на сопствениот движен и недвижен имот, со цел превенција од можни последици.
Број на кој граѓаните можат да се јават во случај на пријава за штета или друга несреќа:193 или 078-254 729 (ТППЕ)
Број за пријава до ЦУК -Центарот за управување со кризи:195.