Второ авионско прскање против комарци,годинава,во Велес
Второто авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 13јуни (четврток) 2019 год. во периодот од 05.00 до 06.30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 14 јуни (петок) 2019 год, информираат од Општина Велес.
„Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства“, соопшти Општина Велес.