Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kocevski

Освен на реализацијата на „Смарт Езеро Младост- Прва иновативна туристичка атракција во Македонија“ финансиран од ЕУ преку ИПА програмата, раководен од Светска банка (ЛРЦП) кој вкупно чини 61.972.09, 00 денари додека општината учествува со сопствени средства во висина од 5.049.000,00 денари, вториот проект од меѓународен донатор е „Велес без бариери“ финансиран со 2.800.000, 00 денари од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП со кој ќе се постави лифт во општинската зграда и ќе се нивелираат тротоарите на повеќе локации во Велес за да се олесни пристапот до услуги и инфраструктура за лицата со ограничена мобилност.

Од средства обезбедени преку проекти финансирани од државните фондови, ќе се асфалтира постоечки земјен локален пат помеѓу селата Сливник и Бузалково, финансиран од АФПЗРР која обезбеди 19.999.600, 00 денари додека општината ќе учествува со средства во висина од 3.600.000,00 денари и изградбата на патот Сливник - Бузалково што вкупно ќе чини 12.230.553,00 во кои средства се вкалкулирани и издвоените од општинскиот буџет 1.865.678,00 денари како и изградба на улици низ село Сливник во должина од 1 км во висина од 8.310.563,00 денари заедно со учество на општината која во буџетот предвиде 1.267.713,00. Истата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја прфати и проектната апликација на Општина Велес за асфалтирање на постоечки земјен пат до локалитет Пешти со која обезбеди вкупно 15.791.846,00 денари ако се имаат во предвид планираните 2.408.926,00 денари во локалниот буџет.

Преостанатите два добиени проекти се однесуваат на изградбата на водоводен систем во Индустриска зона Мамутчево финансиран од Бирото за регионален развој од Програмата за Рамномерен регионален развој за 2019 година со вкупно 15.131.133,00 денари. Во овој проект општината учествува со 5.468.057,00 денари како и проектот за изготвувањето на техничка документација за изградба на пречистителна станица во село Сливник поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање со 400.000,00 денари.

Општина Велес доби дополнителни средства од Светска банка поточно грант за добро спроведен проект за реконструкција на кровот на ОСУ „Јовче Тесличков“ во висина од 3.090.454,00 денари и издвои од буџетот 3.414.237,00 денари.

Десеттиот проекте во вкупна висина од 2.200.000, 00 денари за изградба на патишта во село Горно Оризари. Општината доби 2 милиони денари од  Министерството за транспорт и врски и од општинскиот буџет издвои 200 илјади денари.

На прес конференција, градоначалникот на Велес Аце Коцевски, најави дека по заокружувањето на инфраструктурата во село Сливник општината ќе продолжи да работи на обезбедување на финансиски средства и за останатите населени места кои се вклучени во програмите на општината.

- Деновиве очекуваме одговор на апликацијата за асфалтирање на две улици во село Иванковци во вредност од 1.830.622 денари како и уште неколку значајни апликации за инфраструктурни проекти. Кога сме кај инфраструктурата би сакал да Ве информирам дека досега се издадени 136 налози за различни инфраструктурни проекти во градот и населените места. Ве уверувам дека наскоро и на терен ќе ги видите резултатите од нашата работа. Ова е најголема сума на средства што од почетокот на децентрализацијата се донесени како проекти во општината од различни донатори и меѓународни програми.Јас лично, а верувам и сите граѓани треба да се гордееме со овој факт, додаде Коцевски.

Градоначалникот, исто така, информираше дека е потпишан Договорот за езерото Младост вреден над 1 милион евра. Овој проект ќе треба да започне да се реализира веднаш бидејќи крајниот рок за негово завршување е месец декември, годинава. Проектот се очекува целосно да го промени изгледот на крајбрежјето на езерото од кое се очекува да прерасне во најзначајна транзитна туристичка дестинација во државата./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.