Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Izbori vo UZ fin

Велешани, на 18 и 19 јули, ќе ги избираат новите совети на четринаесетте Урбани заедници во градот. Изборот ќе се одржува посебно во секоја Урбана заедница. Тогаш ќе се предлагаат кандидатите за новиот состав на Советот, кој брои од три до седум члена, и штом се изберат од нивниот состав се предлага и избира Претседател на Урбаната заедница.

Општина Велес јавно ги поканува граѓаните да дојдат и на закажаните собири да го искористат своето граѓанско право на избор на новите состави на советите и претседателите на Урбаните заедници.

Членовите на раководствата, по правило, не треба да бидат членови на политички партии туку независни граѓани кои имаат мотив и желба да придонесат за развој на урбаната заедница во интерес на сограѓаните. Но, постои пример кога изборите беа контролирани од политичка партија со назначување за претседатели и членови на совети на граѓани кои беа политички определени и извршуваа партиски функции како што на пример беше претседатели на месни комитети.

На фотографијата што е објавена се означени датумот, местото и времето на одржување на собирите на граѓани во сите четиринаесет Урбани заедници во Велес./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново