Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Bolnicaakcijasite

Девет трактори со исечени гранки од див костен, трња, трева и смет беа собрани и изнесени од кругот на ЈЗУ Општа болница во Велес во тридневната доброволна акција на работната бригада „Кочо Рацин“. По дванаесет акцијаши ветерани секојдневно ги кастреа и сечеа дрвјата,ги откопуваа трњата и ја корнеа сувата трева. Најмногу време посветивме околу главната зграда на болницата на чие приземје, веднаш до запуштените тревници, се наоѓа одделението за детски болести, рече бригадирот ветеран Делчо Костов.

Bolnicadetskosecisti fin

- Опасно беше од задната страна на централната болничка зградата, токму кај детското одделение во кое влегол гуштер. Се мобилизиравме и пристапивме кон чистење. Работевме со моторни пили, копачи, косилки и успеавме да го средиме делот со скалите кон хирушките амбуланти. Потоа се договоривме да продолжиме кон инфективното одделение затоа што таму имаше многу трева и граѓаните не можеа да пристапат до под балконите кога одат на посета. Следниот ден на ред дојде и долниот дел на паркот кон нервното одделение. Мислам дека сторивме корисна работа, рече Костов. 

Bolnicainfektivnosozbunjovi

Тоа што бригадирот Боре Манев има 82 години и што беше најстар меѓу нив а Чеде Илиев само 53 години преставуваа мотив за работа за сите останати. Доброволно и акцијашки се составуваше мини бригада штом стигна до нив повикот на одделенската сестра Олгица Пепелашева. Наместо еден ден тие одлучија да работат доброволно се додека не се доведе во ред целиот комплекс на болничкиот двор.

Bolnicacistatakcijasi

- Благодарност за поддршката што ја добивме во трактори од ЈКП Дервен. Доброволната работна бригада „Кочо Рацин“ е формирана да го реафирмира акцијаштвото кое постоеше во поранешна Југославија и да помага таму каде што и е потребна на локалната заедница. Особено ќе бидеме горди ако успееме нашиот мотив и елан да им го пренесеме на нашите сограѓани, на младите луѓе кои штом еднаш го почувствуваат акцијашкиот дух верувам дека од него нема да се откажат дури се живи, додаде Костов.

Bolnicainfektivnoiscisteno

Akcijashinaslovna fin

Денеска глетката во болницата е поубава. Исчистен и среден болничкиот двор, од долу од влезот па се горе, до инфективното одделение е оставен на техничкиот персонал кој треба да се грижи за наводнување и оплеменување на парковскнкционира ите површини

Bolnicazgradaiscistena

- Еден од нашите мотиви е да се промовираат доброволните акцијашки ангажмани на локации кои се значајни за граѓаните и локалната заедница. Со нив од септември ќе ги запознаеме средношколците во градот, рече Љупчо Вчков, претседател на Здружението на граѓани „Акцијаши ветерани“ - Велес.

Bolnicapathiruskiambulanti fin

Bolnicapriod do nervno oddelenie fin

Во негов состав функционира доброволната работна бригада „Кочо Рацин“. По акцијата во градот тројца од акцијашите ветерани заминаа и учествуваат на првата Младинска работна акција „Рибариќи“ во Нови Пазар додека седуммина заедно со колегите од Скопје, Куманово, Штип и Крива Паланка патуваат кон Варош и Бреза, во Босна и Херцеговина, на одбележување на годишнината од тамошната сојузна работна акција во поранешна Југославија што се одржува викендов./У.Ј

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Најново

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.