Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Uciliste BlKirkov fin

Од вкупно 33 наставници и технички персонал, вработени во основните и средните училишта во Велес, кои исполнуваат услови 27 не сакаат да одат во пензија. Од нив 22 се наставнички и наставници а останатите петмина се вработени како ненаставен кадар. Тие се на возраст од 62 или од 64 години, имаат доволно работен стаж, но одлучиле да потпишат договори за продолжување на работа.

- Би сакал да ги замолам уште еднаш да размислат за својата одлука. Нивните работни места претставуваат можност за градење иднина за 27 млади семејства кои сеуште се борат да најдат работа и да обезбедат егзистенција. Затоа јавно ги замолувам во духот на својата благородна функција и професија и големиот придонес што го дадоа за едукацијата и за развојот на Велес да се откажат од нивните барања и да им дадат шанса на младите кои останаа во земјата и чекаат да ги пополнат нивните места. Во спротивно можеби тие ќе бидат причина 27 семејства да се исселат од градот, рече градоначалникот Аце Коцевски.

Тој се надева дека неговиот апел позитивно ќе биде сватен од наставниците кои исполниле услови за пензионирање и веќе образувале генерации и генерации велешани.На денешната прес конференција градоначалникот соопшти дека Велес од септември, годинава ќе има четири наместо пет основни училишта.

Kocevski fin

Владата даде позитивно мислење и сега останува само уште членовите на Советот на Општина Велес, на седницата на 30 јули, да донесат одлука па потоа двете основни училишта „Благој Кирков“ и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ да се спојат во едно. Училиштето ќе го носи името на Панко Брашнаров. Во новиот правен субјект ќе преминат сите наставници од двете училишта. Потоа ќе биде превземена постапка за згаснување на двете сегашни училишта.

Ваквата одлука се должи на фактичката состојба со се помалиот број на првачиња и ученици во Велес./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.