Потврдена казната на дедото на малата Тамара за обид за убиство на министерот Тодоров
Објавено на 5 август, 2019 во 14:50
Скопскиот Апелациски суд ја потврди првостепената казна за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, кој беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Одлуката на Апелација е испратена до Кривичниот суд.
Стојановски, на 1 јуни 2017 година, се обиде да пука врз Тодоров на денот кога во својство на министер за здравство требаше да ја предаде функција.
Малата Тамара Димовска почина чекајќи операција на рбетот во странство пред повеќе од 4 години. Против лекарите сега се води судски процес. /У.Ј