Советот на Општина Велес донесе мерки за ревитализирање на опожарениот брег на „Езеро Младост“
Од акционен план за расчистување на теренот и пошумување, формирање на координативно тело во кое ќе учествуваат Општина Велес, територијалната противпожарна единица, подружницата на Шумско стопанство “Бабуна“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈКП „Дервен“ како организирање на масовна акција за пошумување, отворање на донаторска сметка, отворање на 24 часовен кампинг и надзор на локалитетот Езеро Младост како и поставување на хидранти, на повеќе локации на езерскиот брег, се состојат активностите кои се дел од мерките што Советот на Општина Велес ги усвои за ревитализирање на опожарениот брег на велешко „Езеро Младост“.
Овие мерки се дел од иницијативата што вчера, на 29 август, доцна попладнето, ја усвоија членовите на Советот на 39 седница откако претходно го разгледаа извештајот за целокупната ново настаната состојба со пожарот што го зафати велешко езеро.
Исто така Советот донесе одлука и за започнување постапка за реконструкција и ревитализација на Офицерскиот дом во Велес преку јавно – приватно партнерство./У.Ј