Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Slivnikpat naslovna

Изведувачот на градежните работи за изградбата и асфалтирање на делницата од патот, во должина од 5,2 км, помеѓу велешките села Клуковец , Сливник и Бузалково денеска вршеше ископ за вградување на цефка преку која ќе се премостува подземна инфраструктура од двете страни на патот. Багерот и камионите пренесуваа земја и работеа на проширување на делницата долга околу 2,5 км пред селото Сливник. Таму потоа ќе се пристапи кон рамнење на тампонираниот патот и постилање на асфалт. Создаваме услови за поквалитетен живот на жителите на селата и ја подобруваме патната инфраструктура како за децата така и за неколку илјади возрасни жители од овој дел на Општина Велес, рече денеска потпретседателот на владата Кочо Анѓушев по обиколката на градежната траса на патот.

SlivvnikBabovskiAngjuseviKocevski

- Ќе се стекнат подобри услови за живот во целиов регион бидејќи патот од оваа страна село Сливник го поврзува со село Клуковец а од другата страна со село Бузалково. Асфалтираниот пат ќе овозмоќи и поквалитетно поврзување со град Велес. Посакувам градежните активности, кои според планот треба да завршат до крајот на годината, сепак да завршат што поскоро. Преку надзорот ќе инсистираме квалитетна изведба со што ќе се овозможат поквалитетни услови за живот на граѓаните не само во градовите туку и во населените места бидејќи Македонија е држава во која жителите треба да имаат приближно исти услови за живот без разлика каде и да се наоѓаат, рече Анѓушев.

Slivnikpat1

Изградбата на патот се состои од три делници и е финансирана од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралнен развој. Директорот Николчо Бабовски изрази задоволство, за реализацијата на овој проект, од соработката со Општина Велес . Влејќи дека кога се имаат квалитетни проекти и се знае што се сака да се сработи, тогаш по само неколку дена по потпишувањето на договорите, евидентно е и се гледа дека градоначалникот превзел се за старт на градежна офанзива за решавање на неопходните потреби на граѓаните.

- Задоволство е кога ќе видите дека проектите за рурален развој ги решаваат егзистенцијалните проблеми на месното население. Во агенцијата, за само неколку дена, имаме потпишано 19 договори за проекти во висина од 2 милиони и 319 илјади евра а овој пример потврдува дека средствата се враќаат кај граѓаните, таму каде што се најпотребни. Затоа во наредните денови очекувам и останатите општини да ги завршат тендерските постапки и преку реализација на добиените проекти да овозможат парите да се вратат кај граѓаните, рече Бабовски.

Slivnikpatkamioni

За градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, со асфалтирањето на патот се решава неколку децениски проблем на жителите на селата Сливник, Бузалково но и Клуковец.

-Бенефит од изградбата на овој пат најмногу ќе имаат жителите на село Сливник но и на селото Клуковец чии деца за да дојдат на училиште патуваат преку селото Раштани. Сега ќе можат по многу пократок пат да стигнат до училиштето во село Бузалково. Бенефит ќе имаат и жителите на селата Бузалково и населбата Горно Оризари кои меѓусебно се поврзани, рече Коцевски.

Тој додаде дека Општина Велес преку Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој годинава доби четири проекти во вкупна вредност од 552 илјади и 418 евра. За плаќање на ДДВ општината од буџетот издвои 99 илјади 435 евра или вкупно инвестицијата изнесува 651 илјада и 853 евра.

Slivnikpatziteli

Повеќемина жители на село Сливник како и на соседните Клуковец и Бузалково денеска беа присутни на почетокот на градбата на делницата од патот. Објаснувајќи дека во зимскиот период на асфалтираниот пат нема да има намети од снег, како во Бузалково, а предноста од неговата изградба ја гледаат и во поврзувањето со Општина Чашка.

- Ги облеков опинците за да видите колку беше мачно да се испешаќат 2,5 км пат по земја, кал и снег. Со коњи и магариња само ние знаеме како порано одевме по овој пат а сега помладите знаат како заглавуваа со автомобили. Особено во есен, на дожд и во зима на снег, рече Јонус Џаферовски кој дојде од соседното село Бањица. 

- Пред десет години го поправија и пак и со магаре тешко се одеше. Потоа ставија тампон но не се подобри многу ситуацијата затоа од асфалтниот пат долу под селото до средсело беа потребни помеѓу 30 и 40 минути. Без дефект на возилата беше невозможно да тргнеш од селото до Велес и да се вратиш во Сливник. Освен што со асфалтот ќе заборавме на калта тој ќе овозможи поврзување на два мини региона. Од една страна со Велес а од друга од Бузалково преку Сливник ќе се стигнува и во Општина Чашка и дури до болницата во Јасеново. Патот води и покрај село 'Рлевци каде има малку жители ама да го изградеа порано нема да имаше таква миграција од село во град, рече Кемал Муса.

Slivnikpat3

Асфалтираниот пат ќе го користат 100 ученици кои учат од петто до девето одделение во село Бузалково и во средните училишта во Велес како и 600 жители на селото Сливник или со оние кои живеат во соседните Бузалково и Клуковец над 3 илјади граѓани. Во овој регион на општината живеат околу 7 илјади жители./У.Ј

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново