Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sudenje fin

Откако поради користење на годишни одмори, вештите лица и бранителите на обвинетите гевгелиските лекари, за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче побараа наместо на 12 јули, годинава, презакажување на утврдениот термин за започнување на повтореното судење Основниот суд Велес го одложи и презакажа предметот за 17 септември, годнава, со почеток во 10 часот.

Тогаш повторно на обвинителна клупа ќе седнат анестезиологот Томчо Ванчев, осуден на четири годишна затворска казна и одземена лиценца за работа како гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов кои првично добија ослободителни пресуди. Нив Јавното обвинителство во Велес ги товареше за сторено кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“.

На жалбата на јавното обвнителството во Велес ина одбраната на осудениот лекар, анестезиологот Ванчев, скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата на Основен суд Велес и го врати на повторно судење предметот со барање да се преиспита дали неконзистентноста, поточно, доцнењето на еден од лекарите во тимот кој го изведе царскиот рез над триесет и двегодишната родила Маја Кадиева влијаела на смртниот исход како и точно да се утврди дали алкохол бил причина за нејзината и смртта на бебето.

На овие две конкретни барања на скопскиот апелациски суд ќе треба прецизно и точно да одговорат вештите лица во предметот. Освен нив повторно ќе бидат испрашувани и обвинетите лекари Ванчев, Чалков и Москов како и сведоците во овој судски предмет.

Родилката Маја Кадиева од Дојран и нејзиното бебе починаа пред четири години, на 22 октомври по извршена операција - царски рез во Општа болница Гевгелија./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново