Осум стартап идеи презентирани на „Demo Day“ на „X Фактор Акцелератор“ во Велес
„Ситем за мерење на здравје на брани, мостови, згради и други градежни објекти“, е една од вкупно осумте стартап избрани идеи, во предакцелеторската фаза, на X Фактор Акцелераторот во Велес. Тино Михајловиќ од „Дигитекс системс“ ја презентираше на денот за презентирање на стартап идеите.
– Созадовме систем, мерач, кој во секој момент ја испитува и ја мери точната состојба на здравјето од градежен и технички аспект на конструкциите. Секоја градба кога се проектира архитектите прават математички модел, параметри поточно дека мостот треба да вибрира во една фрекфенција, насока. Ако мостот квалитетно се изгради треба тие проектирани параметри да се докажат и да не се пореметат при земјотрес или друг вид на надворешни влијанија. Ако се пореметат тоа е првиот сигнал дека постојат проблеми со конструкцијата па ние подготвуваме превенција на штета, која би се рефлектирала по здравјето на луѓето потоа над економијата во државата, рече Михајловиќ.
Вториот стартап е авторска идеја на по еден електроинжинер, машински инжинер и економистот. Ја презентираше Велешанецот Ѓорѓи Нанов од „Ер крафт“ кој соопшти дека е во завршна фаза на производство првиот македонски воздухоплов, Жирокоптер. Леталното, едносед или двосед, во државата би се користело за индувидуални туристички летови и би се понудило на институции кои имаат потреба од него. Според бизнис планот, идејата за производството на Жирокопот со МКД ознака авторите ги чини 35 илјади евра, и по три години би го понудиле на продажба надвор од државата,на европскиот и на американскиот пазар, каде е развиено спортското воздухопловство.
– Наредните воздухоплови би ги произвеле по првиот во кој веќе вложивме сопствени средства и ни требаат уште 30 илјади евра, да се шириме. Прво да помогнеме во државата, да имаат бенефит четири до пет микропретпријатија или работилници кои би ни помогнале во проектот, да ангажираме млади стручњаци од факултетите, студенти кои ќе сакаат да бидат дел од оваа наша идеа, рече Нанов.
Филип Андоновски од „Агро Солар“ и Зоран Трајков од Штип ја презентираа стартап идејата „Соларна сушара“ која дневно може да произведе до 100 кг здрава храна од македонски плодови и веќе работат на втор вид што ќе овозможи сушење и до 500 килограми.
-Иновцијата во потполност користи соларна енергија за загревање на внатрешноста на сушарата. Тоа е производ со контролер и автоматика што е потребно да се доразвие и да биде конкурентна како на домашниот така и на пазарите во странство. Сушарата може да се поврзе и на електрична енергија но не користи мазут, дизел или друг вид на гориво па затоа исушените плодови се здрава храна, рекоа Андоновски и Трајков.
Уште пет интересни идеи за стартапи како Дрон за испитување на квалитетот на обработлива почва, Сервис на електротротинети, Машини за достава на храна, софтвери за користење на 3D мапи и за корисната работна сила, се избрани во првата фаза од страна на X Фактор Акцелераторот во Велес,единствен во внатрешноста на државата кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на успешни стартап бизниси. Сите беа презентирани на првиот ден во предакцелераторската фаза. Стручни соработници на Комитетот поставуваа прашања и одговори добиваа од тимови на авторите.
– Со помош на надворешните соработници од Комитет за одобрување на инвестиции се очекува да се донесе одлука за финансиска поддршка на три до пет стартапи. Со нив ќе ја започнеме нашата програма под мотото „Заедно растеме“, рече управителот на X Фактор Акцелераторот Милан Димитриевски.
Акцелераторот во Велес е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Светска банка. Директорот Јован Деспотовски рече дека државата почна да ги поттикнува младите луѓе да го развиваат својот креативен потенцијал.
– Акцелераторот е еден одличен пример за ова што го зборувам. Ако пред две години зборувавме со ќе, за некое идно време, денеска зборуваме за нешто што се случува. Драго ми е што гледам млади луѓе со стартап идеи, додаде Деспотовски.
Велешкиот X фактор Акцелератор заедно со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и со поддршка на „Стартап Македонија“ во глобалната „Недела на ретприемништво“ ќе организираат серија на настани со цел младите и студентите да бидат подобро информирани и поттикнати за учество во програмите и мошностите што им се нудат преку стартапи во нивната родна земја. /У.Ј