Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

svecenaakademija fin

Значајни, 75 години слободен Велес, обврзуваат да се чува достојно споменот, не само како задача туку и како најголема човечка обврска, за борците на партизанските одреди „Димитар Влахов“, „Трајче Петкановски“ и „Осма велешка народно ослободителна бригада“ кои го остварија сонот на Илинденците, на Гемиџиите и сите кои копнееја по слобода затоа што токму тие му го донесоа на Велес спокојот на рациновото утро, ја врежаа својата младост и живот во вечната почит и паметење.

Со оваа порака до велешани и велешанки го започна говорот на Свечената академија по повод 9 Ноември - денот на Велес, градоначалникот Аце Коцевски.

Kocevsk fin

-Во име на таа вечна битка за подобро утре, во изминатиот перод се посветивме на остварување на „Визијата за Велес“, но не краткорочната. Ги вложивме сите сили Велес да стане првата општина во државата со долгорочни, европск стратегии за одржлив развој како што се стратегиите за паметен град 2019-2030 година и за одржлива урбана мобилност. Конечно имаме решение за сообраќајните и урбанстичките решенија во градот, од врвни европски експерти кои работеа и на развојот на Љубљана. Имаме решение за гасификација на Велес, за зонско паркирање и за решавање на низа проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. На езеро Младост започнаа градежните работи за „Паметно езеро Младост“ поддржан од ЕУ преку Светска банка во висина од над еден милион евра. Годинава на Општина Велес и се одобрен 15 големи структурни проекти со кои конечно ќе се решат и проблемите на граѓаните во дел од населените места, за водоснабдување и за пристапни патишта, за добар дел од нив. Тоа е нашата цел да обезбедиме еднакво квалитетни услуги за сите граѓани без оглед каде живеат на подрачјето на општината, рече Коцевски.

publika fin

Во годината кога Велес ја изгуби драгоцената пет децениски стара шума, на езеро Младост, Градоначалникот, ги повика велешани и велешанки посветено да се грижат за животната средина и за урбаната опрема, со грижливост и граѓанска етика да дадат придонес во убавото лице на градот. Ги повика компаниите да учествуваат во одржливиот развој на својот Велес и им порача на сите сограѓани кои животниот пат ги одвел на различните континенти на земјината топка да го сакаат и да не го заборават својот град затоа што тој никогаш нив не ги заборавил.

Свечената академија продолжи со доделување на највисоките општински признанија и наградите за животно дело „Гемиџии“ и за најдобар студент „ Проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“.

pofalnici fin

Љубица Јаневска ,филантроп и менаџер за човечки ресурси во компанијата „Ронтис“, Ангела Арсова, млад научник во областа на неурофармакологијата, Здружението на слепи лица на Велес, новинарката Антоанела Гајдова, наставничката Сузана Палитова и кајакарите Анѓел Петрушев и Александар Златаров се добитниците на Пофалница на Општина Велес за 2019 година.

ZG fin

Благодарници на Општина Велес за 2019 година им беа доделени на Здружение на граѓани „Носачи на крстот“ и Здружение на граѓани „Акцијаш - ветерани“.

blagodarnici fin

Спомен плакета 9-ти Ноември за 2019 година, Општина Велес , им додели на КУД „Коле Неделковски“,, кореограф и основач на балетското студио „Анабела" Цветанка Пајдакова, музичкиот педагог Веселинка Маџарова Андова , конзерваторите м-р Владо Мукоски и Момчило Трајковски, Фудбалскиот клуб „Борец 1919“ и на компаниите „Пескара Вел“ и „Павор“.

studentka fin

Студентката на Технолошко - техничкиот факултет во Велес ,Марија Илиевска, со постигнат просек од 9,59 е годинешен добитник на најградата „Проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2019 година.

TrajceKovacev fin

Наградата за животно дело „Гемџии“, годинава, му беше врачена на Трајче Ковачев - Зебец, познат велешки и македонски фудбалер, дома и на просторите на поранешната држава Југославија, како и истакнат спортски работник во пензија. Упатувајќи благодарност за препознатите постигнати резултати во фудбалот и успеси во развојот на спортот во градот, до градоначалникот, до Советот на Општината и до Комсијата за доделување на општинските признанија, меѓу кои е престижната награда за животно дело „Гемиџии“, Ковачев рече:

Kovacev fin

- На сите им благодарам што оваа вечер ја направија доживотно да ја запомнам. Како спортист, освен од име на фудбалот исто така и од името на останатите спортски дисциплни, дозволете ми почитувани сограѓани да апелирам да пронајдете слободно време, да спортувате, да рекреирате, да се дружите, верувајте дека со тоа се продолжува вашиот животен век. Се обраќам до сите наши сограѓани со барање да придонесат во афирмација на нашиот град и општина, како во државата така и надвор од неа. Се надевам дека ќе се постигнуваат резултати вредни за почит. Нека ни е честит денот на Општина Велес.

Во културнот дел на свечената академија, што се одржа во големата сала на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, настапија: Градскиот камерен оркестар, Детскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“ пијанистите м-р Светлана Ташева и м-р Илија Настовски како и  балетското студио „Анабела" . Во чест на наградените концерт одржа Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“./У.Ј

 

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново