Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

PROTEST fin

На двочасовен протест пред влезната врата на Основен суд Велес, денеска, излегоа педесетмината вработени во судската администрација незадоволни од одлуките за пониски додатоци за плата, за септември и октомври, годинава во споредба со судиите. Тие се чуствуваат дискриминирано и затоа што на дел од нивните колеги Судскиот буџетски совет сеуште не им го исплатил задржаниот дел од плата за време на послениот штрајк, во 2016 година иако Синдикатот, Зружението на судска служба и УПОЗ во разговори и преговори со Владата на Република Северна Македонија им ги обезбедија.

GORANCOLAKOV

- Бараме да се почитуваат и правата на судската служба. Министерството за правда да пристапи кон измена на законите и да утврди поинаква позиција на судската служба надвор од судскиот буџетски совет и задолжително да имаме претставници во Судскиот буџетски совет и во Советот на судска служба. На помошно техничките служби не им се вратени парите што не им ги пресметаа за време на штрајкот од 2016 година, рече претседателот на основната синдикална организација на судска администрација Горан Чолаков.

Од протестот беше испратен апел до Судскиот буџетски совет да не донесува одлуки со кои се создаваат големи разлики во плати и надоместоци помеѓу судиите и судската администрација, да им го исплати делот од плата за време на штрајк на помошно техничките служби , на судската полиција и пензионираните работници како и заедно со Министерството за правда и Владата да им ги покачат платите на судските административци кои се граничат со минималната,со што соодветно ќе биде вреднуван нивниот труд и стручност.

Дел од тимот на судиите се сите вработени во судската служба и придонесуваат за ефикасноста на судовите, гласи генералната порака на судската администрација./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново