Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

SDSM naslovna

По две години и пет ипол месеци од превземената власт од страна на СДСМ и колацијата, во која и со предвреме изеден буџет и огромни долгови, кои сеуште се враќаат, има пари во државата за повисоки плати и пензии, изградба на комунална и државна инфраструктура, им соопшти на денешната трибина „На прав пат“ на велешани, премерот и лидер на СДСМ Зоран Заев .

Zaev fin

- На добар пат сме, треба да опстоиме на тој пат. Ова е период во кои дефинитивно доаѓаат најкрупните придобивки за граѓаните. Успеавме да ја покачиме минимална плата од 9.000 на 14.500 денари, што ја дава разликата од 5.500 денари или 60 отсто додека просечната плата бележи раст од 2.297 денари што не е малку а на годишно ниво ќе изнесува повеќе од 25.000 денари и тоа во време на решавање на најакрупните стратегиски прашања за државата. Најдовме повеќе од 6 милијарди денари и ги пуштивме во образованието,заради децентрализацијата. Првото покачување од 5% , второто од 5% и најновото од 10%. Вкупно 21% се покачени платите на нашите учители, наставници, професори, на администрацијата во училиштата со обврска да ја спроведат нивелацијата. Очекуваме на нашите деца да пренесат поискрено и поголемо знаење. Платите на специјалистите лекари со дежурства изнесуваа 45.000 денари а ќе земаат 100.000 денари во терцијалното здравство. Во општите болници во внатрешноста ќе стигнат до 92.000 денари и до 88.000 денари во Здравствените домови во кои работат специјалисти. На медицинските сестри во терцијалното здравство покачивме 5%, па 7% и сега 10%. Зошто најмногу? Затоа што некој треба да не лечи, ни бегаат лекари и медицински сестри. Капитациите на матичнте лекари , стоматолозите, гинеколозите и останатите добија покачување од 15% до 21%. И во Армијата ги покачивме платите од 6.000 до 10.000 денари, како и за 5% на јавна администрација. Се ова, го правиме со фокус да се качуваат и платите во приватниот сектор преку мерката супституција на придонесите за секое покачување на платата. Ако газдите одлучат да м ја покачат платата за 6.000 денари Владата ќе ги плат придонесите. Веруваме дека вложувањето во човечкиот капитал, во народот, е главната каписла на економското движење во државата, рече Заев.

SDSMpublika1

Тој ја издвои и заштедата од 110 милиони евра, како што рече, само од транспарентните јавни набавки како и стабилизрањето на пензискиот фонд што ќе овозможи реално зголемување на пензиите кое од 1 јануари ќе изнесува 730 денари, во март ќе биде првото воедначување заради сите трошоци на живот и второто во септември за во 2020  сите пензионери да земат повисока пензија од 850 до 900 денари.

SDSMPublika2

Заев додаде дека постигнатите резултати на актуелната Влада имале за цел подигнување на економскиот стандард на сопствениот народ. Премерот и лидер на СДСМ најави 15 нови грчки инвестиции.

-Петокот ми започна со „Македонија 2025“ и со Амбасадорката на САД. Веднаш после тоа средба со 30 бизнисмени од компании од Русија, овде во Македонија, за нови инвестиции. Отидов и во Грција за да договориме нови 15 грчки инвестиции. Да ги сплотиме сите, Македонија и Бугарија и Грција, во делот на економијата, да ги сплотиме во спротивност на западниот свет од ЕУ и отаму во Стокхолм да ги потврдиме сите прогресивни политики. И нема да застанеме затоа што, ви тврдам, имаме земја со капацитет, што може да се движи по примери на западниот свет. Тоа е нашата цел, рече Заев.

Fatmir Kocevski fin

На трибината во Велес зборуваа и Претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ Фатмир Бетиќи, кој потенцираше дека за разлика од времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ се помогнати поголем број на компани со далеку помалку пари како и Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски кој соопшти дека Општина Велес веќе нема долгови и се отвораат можности за поголемо инвестирање во инфраструктура./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново