Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

OZV fin

Семејно насилство постои и покрај тоа што се работи на негова превенција. Но жртвите веќе не молчат како порано. Дека биле тепани, малтретирани, бркани и сексуално злоставувани тие пријавуваат како во полиција така и кај голем број на граѓанските организации кои работат на превенција и подигнување на јавната свест. Охрабрувањето се должи и на националните кампањи за пријавување на насилство, рекоа истражувачите на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на панел дискусија на тема „Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство“ органзирана од Организација на жени на Општина Велес.

- Во државата во 2018 година се регистрирани 919 нови случаи на домашно насилство. Од нив 665 лица се возрасни жени и 140 лица се возрасни мажи додека 114 се деца, жртви на насилство. Во последната категорија спаѓаат 64 девојчиња и 50 момчиња. Најголем број од регистрираните лица биле или психолошки малтретирани или тепани додека како новорегистрирани жртви на сексуално насилство се евидентирани 13 лица. Според податоците на државните институции се појавува и економското насилство на кое биле подложени 17 граѓани, рече истражувачката Ана Аврамовска Нушкова.

OZV1 fin

На истражувачите на Националната мрежа им помогнаа редовните податоци што се собираат и редовно објавуваат од страна на МВР, Заводот за социјални дејности и Министерството за труд и социјална политика. Според извештајот на министерството за труд и социјална политика во првите шест месеци годинава ново регистрирани случаи се 767 од кои што 572 возрасни жени , 120 се возрасни мажи и 75 се деца пријавители на семејно насилство. Резултат на обработката и анализата на податоцте се предлог мерките за реинтеграција на жртвите на семејно насилство.

- Меркте вклучуваат пет аспекти како привремено домување за жртвите кое државата мора да го вклучи како приоритет, вториот е психолошкото советување кое треба да помогне да се надминат траумите и враќање на самодовербата, третиот е финансиската поддршка од државата до вработување, четвртиот е обука и образование за да стане економски јака и се вработи и петиот е помошта при вработување со флексибилно работно време. За да го постигнеме последново потребно е сензибилизирање на работодавачите и промена на Законот за вработување со фокус на жените жртви на семејно насилство, рече Елена Димушевска извршна директорка на  Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

На панел дискусијата беа споделени искуствата на СВР Велес и на Центарот за социјални работи во Велес со работа на жртви со семејно насилство. Во постигнатите резултати беше речено дека годинава една велешанка по пријава за семејно насилство успеала да истрае во намерата да излезе надвор од домот а сопругот да биде изнесен пред лицето на правдата. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново