Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

NOV nacalnik SVR Veles

Дипломираниот дефендолог Игор Ангеловски е именуван за нов началник на СВР Велес додека досегашниот Злате Јаневски за дополнителен заменик началник.
Ангеловски завршил Факултетот за безбедност и одбрана на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и магистрирал одбрана.

Досега работел во единицата за специјални задачи „Тигар“, инструктор во Центар за обука во Идризово и самостоен инспектор во Крим техника во СВР Велес . Исто така бил инспектор во обезбедување на ВИП личности и објекти. Ангеловски има сертификати и од меѓународни обуки.

Новиот началник на СВР Велес е именуван откако министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната министерка Славјанка Петровска ги усогласија ставовите за началници и нивните дополнителни заменици во секторите за внатрешни работи во Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица и во Одделението за внатрешни работи во Прилеп. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново