Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ulica 8 Mart fin

Улицата „8 Март“ што се наоѓа во новиот дел на Велес е само една од вкупно осумте во градот на која започна реконструкцијата на водоводната мрежа. Таму се менуваат старите азбестни цевки со нови пластични. Општна Велес средствата ги обезбеди со проект од Европската Инвестициона Банка преку Министерството за транспорт и врски.

- Денеска со градоначалникот Коцевски сме на увид на реализација на проектите што општината ги има доставено до министерството. Станува збор за проекти кои се наменети за водоводни линии, во должина од 4 км и за канализациони мрежи, во должина од 300 метри.Станува збор за проекти со вкупна вредност од над 600 илјади евра. Пред некој ден министерството со Светска банка склучи договор за заем наменет за поправки и изградби на локални патишта од кои на Општина Велес и следува сума од 1.250.000 евра, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески

IzjaviSugarevskiKocevskii fin

Ова се исклучително важни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните затоа што се работи на реконструкција на стари азбестно цементни линии кои често им создаваа проблеми на граѓаните.

- Имаше чести дефекти, прекини на водоснабдувањето,имаа недоволен притисок во цевководите. Со нивната замена ќе се подобри водоснабдувањето од една а друга страна ќе се деблокира постапката за ставање на завршен асфалт на самите улици. Висината на проектот е над 625 илјади евра. Како што и претходно најавив ова ќе биде убедливо најдобрата инвестициска година за Општина Велес во која очекуваме реализација на најголеми капитални инвестиции, рече градоначалникот Коцевски.

Ulica 8mart1 fin

Проектот започна со реализација лани, на 19 ноември, и ќе се реализира во времетраење од 18 месеци. Со него ќе се реконструираат водоводните линии на улиците „8 Март”, „Богдан Каракостев”, „Благој Јосмов”, „Славјанска”, „Даме Груев”, „Орце Мартинов”, „Костурска”, „8 Септември” и улица „Титова Ужичка”, како и на канализационите линии на улиците „Јовче Чучук”, „Орце Шутев” и „Страшо Пинџур”.

Изведувач на градежните работите е фирмата „Делта пром инг” ДОЕЛ Велес, а надзорот над изведбата го врши Градежен Институт Македонија АД Скопје./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново