Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

OFICERSKI fin

За три дена, две понуди поднесоа фирми заинтересирани за склучување на договор со општината за јавно -приватно партнерство за реконструкција, ревитализација и управување со Офицерскиот дом. Првата фирма веќе извршила увид а втората најавила дека утре, вторник 14 јануари, ќе ја разгледа зградата на култното место во градот кое се наоѓа на атрактивна локација на улица „Благој Ѓорев“ веднаш до зградата на театарот.

- Во фазата на подготовка на огласот имаше голем интерес. Ова култно место за велешани ќе го врати стариот имиџ и повторно ќе биде место во кое ќе се случуваат многу убави работи од угостителски, туристички до забавен па со организрање на културни настан, рече Коцевски.

Според повикот, фирмата или поеднецот што ќе го земе објектот во наредните дваесет години, во првите пет ќе биде ослободена од закупнина како против вредност на финансиските вложувања поточно неопходните реконструкција и ревиталзација. Потоа во наредните 15 години закупнината ќе варира во зависност од висината на просечната плата во државата.

Очекувањата се дека Офицерски треба да го врати стариот изглед на ресторан кој ќе функционира со објект и со летна градина. Тоа значи дека површината која сега се користи како парк повторно ќе треба да стане дворно место кое ќе се огради и во кое ќе се постават маси, столови, шанкови, подиуми и друго.

Она што за жал не може да му се врати на местото се исечените дрвја. Кога се сечеа за да се изгради паркот образложението беше дека дрворедите беа стари и не безбедни. Тогашната локална власт ветуваше дека ќе посади израснати дрвја. Намето нив паркот  доби само неколку палми кои не ја преживеаја ниту првата зима./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново