(ФОТО и ВИДЕО) Лани само Марија Давчевска а годинава заедно со Ели Апостоловска запливаа во Вардар по крстот во Велес
Голем број на граѓани денеска ги преплавија бреговите на реката Вардар како и трите моста: Мало мовче, Гемиџии и Стар Мост за да го проследат водосветот и фрлањето на крстот во Велес.
Манифестацијата се одржа на Мало Мовче од каде Митрополитот Повардарски Господин Агатангел го фрли крстот а по него запливаа за да го фатат вкупно 71 велешани од кои две се девојки, Марија Давчевска и Ели Апостоловска.
За дваесет и пет годишната Апостоловска, по две годишно колебање, ова беше прво искуство.
– Две години размислував и се откажував. Овој пат одлучив и скокнав. Навистина беше убаво чувството, преубаво. Очекувам дека ќе имам здрава и бериќетна година. Му честитам на Дејан Петрушев што по втор пат го фати крстот и се надевам дека и мене еден ден ќе ми се случи истото, додаде Апостоловска
Погледнете го видеото и фотографиите снимени од екипата на Дума.мк.
{vembed Y=IqDt0gxs_zM}