Наместо протест на стечајните работници – митинг на помали полтички партии пред велешки суд
Неколку стотини стечајци од поранешните велешки индустриски гиганти како Порцеланка, Топилница, АК Лозар, Нокатекс кои две децении си ги бараат заостанатите плати и неплатените придонеси излегоа денеска на улица за да го изразат својот револт. Дел од нив имаат и извршни судски решенија. Се собраа пред споменкот на Панко Брашнар и од таму пешачеа до Основен суд Велес каде очекуваа да слушнат од органзаторот на протестот, Независен синдикат на лица со посебни потреби „Нова ере“ ќе бидат ли обештетени, како и кога. Но наместо одговор на нивните прашања од „Нова ере“, следеа говори на лидери на помали парти во кои им ветуваа „за глас на изборите – решавање на проблемите“ .
-12 Април мораш гласот да го дадеш за своте преставители , рече еден од говорницте
– Дојдена сум да ви дадам надеж. Надеж постои и верувајте има чесни луе во оваа држава, рече Солза Грчева.
Дел од стечајните работници реаграа. Ги повторија изјавите од пред неколку месеци дека на Независен синдикат на лица со посебни потреби „Нова ере“ му плаќале по 900 денари за членство за да ги застапува. Маријан Зафиров, претседателот на „Нова Ере“ повторно со објаснување дека со парите се плаќале канцеларијата, телефони и комуналии. По инсистирање на новинарите, Зафиров ги соопшти барањата од протестот и до кого се упатени.
-Да слушне судот и јавното обвнителство дека си ги бараме своите права, рече Зафров
На ова реагираа повеќе присутни велејќи дека ја разбрале манпулацијата./У.Ј