Велес, еден од четирите градови во кои државата и општината отвораат Младински креативен центар
На површина од 66 м2 на првиот кат во зградата на Градска библиотека „Гоце Делчев“ заедно со големата сала „Бели Мугри“ Велес и дворна површина од осумстотини метри квадратни, веќе од пролет, годнава, младите велешани ќе имаат простор за реалзација на настани, активности, дружење и развивање на креатвни идеи. Во овој простор ќе функционира Младински креативен центар.
Просторот го обезбеди општината додека опремата Агенцјата за млади спорт.
-Потребата е младите да добијат простор во кој ќе бидат активни, ќе ги спроведуваат своите активности и настани од една и од друга страна да бидат мобилни активни за да се искористи нивниот капацитет и интелект во општината. Со тоа да придонесат заеднички да го подигнеме младинскот стандард во нашата држава и да се креираат политики што првенствено ќе бидат во насока за подобро секојдневие на младиот човек како во Велес така и во државата, рече Дарко Каевски директор на Агенцијата за млади и спорт.
Партнер на општината и на Агенцијата е Сојузот за младинска работа.
Младински креативен центар треба да овозможи простор за идеи но и услови за работа на сите младински организации како и културни друштва, групи или студија. Салата „Бели Мугри“ ќе се преадаптира со цел да се користи за културни содржини и за кино претстави.
– Во Мултмедјалниот центар со 254 седишта на сто осумдесет метри квадратни површина ќе се набави најсовремена опрема за кино проекции и во Велес повторно ќе има кно, после неколку децении. Се радувам што просторот ќе им помогне на младите и креатвно да се реализираат но и заеднички да се договараат како да го подобрат својот квалтет на живот, рече градоначалникот Аце Коцевски.
Општина Велес планира со 60.000 евра да ја купи потребната кино апаратура.
На состанокот што Каевски, Коцевски, Ѓорги Тасев, советник за млади во Владата и Илија Станковски, претставник на Сојузот за младинска работа го имаа со претставнци на граганскте организации и медиумите беа побарани предлози и идеи за потреби што ќе можат да го надополнат првичниот концепт на Младински креативен центар.
По првичната инвестиција, Агенцијата, според Каевски затоа што од годинава за прв пат овозможува преку каптални инвестции доколку се појави потреба за доградба надградба на отворените. Тоа значи дека доколку биде потребно тогаш и зградата на велешкиот МКЦ да се доградува или надградува.
Освен во Велес првите младински центри ќе бидат отворени во Куманово, Битола и Кавадарци./У.Ј