Застрелано службено лице на СВР Велес на должност во Велес
Претпладнево, во близна на црквата „Свет Спас“ додека извршувал службена задача застрелан е Е.М (46) од СВР Велес. Настанот се случил додека застреланиот со колешка биле во контрола по постојаните поплаки на граганите за грабежи, одземени ташни и новчаници, додека присуствувале на вечните почивалишта на своите најблиски.
Според искази на очевидци, во полицискиот службеник пукало лице кое било сопрено и предзвикало расправија но и во туркањето со Е.М успеало да му го извади пиштолот од ременот и со него неколку пати да пука од близу по што се дал во бегство.
Повреденот, со возило на итна медицинска помош, бил префрлен во велешка болнца.
-Пациентот е примен на Одделението за хирушки болести во свесна состојба со 4 огнострелни рани во стомахот и една во коленото. Направена е компјутерска томографија и по укажаната лекарска помош веднаш е транспортиран на Ургентниот центар во скопските клники. Тој е свесен но, поради серозноста на повредите сепак лекарскот тим на хрушкото одделение во ЈЗУ Општа болница Велес одлучил да го препрати во Скопје, рече д-р Тодор Јаковлевски, портпарол на велешка болнца.
Началникот на СВР Велес, Игор Ангеловски, потврди дека настанот се случил додека Е.М извршувал службена задача.
– Органзирана е потрага по лицето кое пукало во нашиот работник. Местото на кое се случил немилиот настан е обезбедено. Во секој момент таму ќе започне увидот. Штом имаме конкретни информации ќе излеземе со соопштение за јавност,додаде Ангеловски .
Во моментов низ велешките улици има зголемено присуство на полциски службени лица./У.Ј