Полцијата го бара застрелувачот на повреденот полицаец, над кого мора да се врши операција, останатите тројца напагачи се во полициска станца
Четри лица, кои под сомнеж на ограбувачи на граганите, биле следени утрово од полицската екипа на гробиштата на цркавата „Св.Спас“ ги нападнале и прво со тупанци се пресметувале со полицајката и застреланиот полицаец Е.М (46) во третиот ред на новите гробни парцели надвор од дворот на црквата. Потоа сите му се нафрлиле на полицаецот, го совладале на земја, му го одзеле пиштолот и еден од нив го пукал во стомахот.
Местото на нападот и пукањето
По четрите испукани куршуми Е.М сепак успеал да стане , да се оттргне од напагачите и да истрча кон влезот во црквениот двор. Ова го видел велешанец што бил на една гробна парцела непосредно до местото на случката.
– Додека се расправаа стално го прашуваа полицаецот зошто не следиш? Потоа го туркаа, го кутнаа на земја и го тепаа. Слушнав прво три истрели а потоа и четврти истрел. Потоа видов како тој што пукаше пред куќчката на гробарите го репетраше уште еднаш пиштолот но не пукаше туку замина нагоре по патот за кон населбата Рамина. По него замнаа останатите тројца, вкупно беа четворица. Девојчето што беше со полицаецот изгледа го удрија два пати, беше извалкана со кал на палтото и на панталоните. Неа не ја совладаа на земја. Тие многу неред прават на гробиштата, пљачкаат жени а и возила, рече очевидецот.
Тој пријавил во полиција дека се нападнати полцајци и еден од нив е застрелан.
Додека екипата на Дума.мк беше на местото на случката траеше увидот на екипата на СВР Велес. Полицски возла сеуште го обезбедуваат цел дел од реонот на Читкушева чешма до црквата а се присутни и на Рамна. Дел од нив трагаат по четвртиот од групата напагачи, кој пукал во полицаецот. Тој е во бегство додека останатите тројца се приведени во полициската станица во Велес.
– На 02.02.2020 год. околу 10.15 часот пред цркавата „Св.Спас“, кај градските гробишта, полициски службеници при преземање на службени дејствија биле физички нападнати од четири лица. Едното од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него. Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош. Тројца од напаѓачите се приведени во Полициската станица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Засега нема конкретни информации каква е здравствената состојба на застреланиот полицаец Е.М. Тој од велешка болница е испратен на скопските клинки во свесна состојба со четири огнострелни рани во стомахот и една прострелна рана во коленото.
– Тоа значи дека во неговата утроба има четири куршуми. Ќе мора да му биде извршен оперативен зафат, да се пронајдат и да се извадат куршумите, појасни д-р Тодор Јаковлевски портпарол на ЈЗУ Општа болнца Велес.
Поради потрагата по бегалецот зголемено е присуството на полцијата и низ останатите велешки улици /У.Ј