Лишен од слобода велешанецот Џ.К кој помогнат од своите браќа пукаше во полицаец,ОЈО започната истрага за обид за убиство и бара притвор за осомничените
Откриен и лишен од слобода е велешанецот Џ.К.(31), по кого 24 часа трагаше полицијата откако вчера претпладне се расправал, се нафрлил, го тепал, му го одзел службениот пиштол од кој испукал неколку куршуми во стомакот и еден во коленото на полицаецот Е.М (46) од Велес. Со него биле и неговите двајца браќа како и едно малолетно дете.
Тоа се случи додека вчера, недела, 2 февруари, полциската патрола, во која со ранетиот се наогала и полицајка, на гробните парцели пред црквата „Св. Спас“ во Велес го контролирала теренот по бројни поплаки од грагани за кражби на ташни, новчаници, телефони други лични предмети додека ги посетуваат вечните почивалишта на своите најблиски.
СВР Велес против Џ.К.како и против неговите двајца браќа на возраст од 29 години и од 22 години поднесе предлог додека ОЈО Велес започна спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „убиство во обид од Кривичниот законик, како и против две лица за помагање при извршување на кривичното дело убиство во обид како и за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според ОЈО Велес ,на критичниот ден оштетените биле забележани од тројцата пријавени со кои било и едно дете. Тие се доближиле до оштетените, а едниот од нив физички го нападнал полицискиот службеник. Потоа му се придружиле и неговите двајца браќа. Во еден момент тие го турнале оштетениот на земја, па еден од нив се борел со оштетениот, додека другите двајца и задале неколку удари на оштетената полицајка. Детето ја задржувало оштетената да остане настрана и ја оневозможило да му помогне на колегата.
Еден од осомничените му го одзел на полицаецот пиштолот и додека бил паднат на земја во грб од пиштолот испукал три куршуми кон него, нанесувајќи му прострелни рани во пределот на стомакот и ногата. При испукувањето од пиштолот настанал застој, па оштетениот искористил момент да стане и да се оддалечи од местото на настанот.
Осомничениот Џ.К. со пиштолот започнал да го брка и да трча по него, успеал повторно да го оспособи и репетира пиштолот и повторно испукал еден куршум во правец кон оштетениот.
До судија на претходна постапка при Основниот суд во Велес е поднесен Предлог за определување на мерка притвор за осомничените лица./У.Ј