Сведоци на одбраната и вешто лице на денешното судење на екс градоначалникот Чадиев и екс претседателот на Советот, Колев
Ангел Димов, во својство на сведок, денеска во вкрстено испрашување тврдеше дека кога тој со екс претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев, се враќале од службен пат од Охрид клучевите од службеното возило што го паркирале пред општинската зграда ги оставиле кај стражарот во стражарницата што се наоѓа во делот на зградата на подрачните единци на министерствата во Велес. Димов не беше сигурен кај кого биле клучевите пред поагање и дали некој од вработените возачи им ги донел или не.
Нему, исто така, не му беше познато кој издавал наредби кој каде треба службено да патува. Тој не добил други документи ниту кога го возел општинското возило со делегацијата од Босна и Херцеговина која учествувала на „Рацинови средби“ и ја носел на вечера на езеро Младост.
Димов како и Живе Катранџиев, членови на Советот на Општина Велес во мандатниот перод 2013 -2017 година, се сведоци на одбраната на обвинетите Славчо Чадев, екс градоначалник на општина Велес и Александар Колев, поранешен претседател на Советот на Општина Велес за крвичното дело злоупотреба на службената положба при користењето на службените автомобили на општината.
Катранџев и Димов заедно патувале на обуката во Охрид, со службено општинско возило што го управувал Александар Колев. Тој додаде дека тогаш клучевите пред општинската зграда ги донел професионалниот возач Мики и исто како и Димов тврдеше дека ги оставиле во стражарницата. Катранџиев имал повеќе службени патувања со службено возило со Колев откако вработени во општината или Градоначалнкот Чадев кажувале кој со кое возло од членовте на Советот ќе патува.
Во судницата беше распрашано и вештото лице Гордана Ангелковска од фрмата „ДСБ“ од Скопје, која го изготвила вештачењето за документацијата поврзана со корстењето на службените возла на oпштина Велес . Ангелковска на бранителот на обвинетите, Коста Нојков му одговори на прашањата кој се присуствувал во општинската зграда додека го работела вештачењето, кои документи и биле ставени на располагање и затоа што не можела да обезбеди домашни адреси на Чадиев и Колев не ги контактирала за да ги повика.
– Тоа вештачење е невалдно оти во кривичен предмет не присуствувале обвнетите на кои м се ускратила можноста да приложат свои докази. Вештото лице тврди дека се водела дневна книга со патни налози за секое возило. Ние патен налог не сме виделе за ниту едно возило на општината, рече Нојков.
Судењето продолжува на 2 март, годинава.
Според обвинението, Чадиев како градоначалник, во периодот од 2014 до 2016 година, спротивно на Правилникот, со усно одобрение му овозможил на Колев да користи службени возила. Поранешниот претседател на Советот на општина Велес, пак, е обвинет дека ја оштетил општината, со тоа што ги користел возилата за лични потреби и од општинската каса ставал гориво во вредност од околу 170 илјади денари./У.Ј