(ВИДЕО) Ограбена ТТК банка во Велес
Грабежот се случил претпладнево околу 11 часот. Тогаш во банката влегле ограбувачите впериле пиштол во вработените и ги принудиле да им ги дадат парите. Засега не се знае колку тежи кражбата.
Во првичните информации на Дума.мк според кажувања на соседите станува збор за еден маж кој прво влегол во банката со здравствена маска на лицето и побарал налог за уплата. Кога го добил излегол од експозитурата, ја преминал улицата „8 Септември“ и заминал кон паркингот. Оттаму повторно се вратил назад во експозитурата, со пиштол им се заканил на вработените и го извршил грабежот.
Постои и втора варијанта што на дума.мк ја соопшти граѓанин, кој возел автомобил, во која тој раскажа дека видел двајца мажи со фантомки на главата како излегуваат надвор од експозитурата. Штом излегле ги кренале фантомките над чело, како капи, продолжувајќи да се движат по тротоарот надолу кон центарот на Велес, се додека не дошле на позиција пред куќата на семејството Весови за потоа да скршнат кон скалите нагоре . Скалите директно излегуваат на улицата „Архиепископ Михаил“.
– Тие мора да се регистрирани од камерите на продавниците кои се наоѓаат на главната улица, рече очевидецот.
Грабежот е пријавен во полициската станица на СВР Велес. Пред експозитурата се полицајците и инспекторите кои работат на расветлување на случајот. Се очекуваат официјални информации./У.Ј
{vembed Y=MF3P25tU3wY}