Во сообраќајка загина велешанец кај тунелите кај Башино Село
Објавено на 7 февруари, 2020 во 15:29
Велешанецот Б.М (38) загина во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје – Велес во близина на тунелите кај Башино Село. Загинатиот го управувал патничкото возило марка „Хјундаи“ со велешки регистерски ознаки кое излетано од автопатот во провалија.
Итната медицинска помош, денеска, 7 февруари 2020 година околу 11.20 часот ја известила полициската станица на СВР Велес дека има излетано патничко возило марка „Хјундаи“ со починат возач од автопатот Скопје – Велес во провалија во близина на тунелите кај Башино Село.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Велес. Увидот треба да ги констатира причините за несреќата и смртта на Б.М.
Се претпоставува дека сообраќајката се случила вчера доцна попладне или синоќа./У.Ј