Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

opshtina fin

На Велес не му требат економски техничари и и продавачи бидејќи во Бирото за вработување има 213 невработени, од првата и 44 од втората струка. Овие два образовни профили што на деветоодделенците ги нуди УСО „Јовче Тесличков“ се непродуктивни и со учениците кои во моментов учат дополнително ќе го оптовари пазарот на труд во општината. Наместо економски и бизнис техничари како и продавачи во ова средно училиште ќе треба да се воведат нови струки кои му се неопходни на бизнисот, смета градоначалникот на Велес Аце Коцевски. Во Општина Велес, денеска, се одржа седница на Економскиот совет на која се разговараше токму за потребата од работна сила на локалната економија според која треба да се крои уписната политика на четирите средни училишта во градот.

На седницата неколкумина локални бизнисмени од една страна зборуваа за недостигот на квалификувана работна рака додека четворицата директори на средните училишта од друга страна за неможноста да воведат промени во образовниот процес со нови профили, потребни на локалната економија, бидејќи нив ги одредува министерството за образование.

Trajcedimitriev fin

Конфекцискиот погон „ЈУ - КА“ не може да најде доволен број на квалификувана женска работна рака. Директорот Трајче Димитриевски решението на проблемот го гледа во одговорот на прашањето: „Што младите сакаат да работат и каде?“.

- На нашата конфекција во моментов и требаат најмалку две паралелки завршени текстилни техничари. Но, нема интерес. Нас ни требаат квалификувани или полуквалификувани работнички, значи жени, додаде Димитриевски.

Традиционален производител на текстилен техничар во Велес беше УСО „Димитрија Чуповски“. Директорката Маја Хеско соопшти дека во изминатите две години училиштето се откажало од овој вид на стручната подготовка затоа што претходно, пет години, не се пријавил ниту еден ученик за текстилно образование. Годинава пробале да ја испитаат потребата со нов модул за кожарската индустрија. Хеско ги праша Димитриевски и Сузана Чонева од Крзнара „Димко Митрев“ за потребите.

- Во текстилните погони дали имате потреба од техничари за изработка, моделирање и дизајн на облека? Во крзнарската идустрија техничар за обувки и за моделирање на обувки?

coneva fin

Според Чонева се примаат на работа нестручно образовани профили во крзнарата кои потоа минат низ процес на едукација од инжинерите.

- Ги преквалификуваат нашите одговорни технолози. Во одреден временски период ги преквалификуваме и така вршиме премостување дефицитот на потребна работна сила, додаде Чонева.
- Општина Велес ги превзема оснивачките права на поранешниот Работнички универзитет, со помош на Стопанската комора, можеме да се договориме за вашата потреба од преквалификација или доквалификација на работници, додаде градоначалникот Коцевски.

Потребата од продавачки ја анализирала фирмата „Жито маркети“. Сопственикот Јован Ѓошевски соопшти дека ќе има потреба од две паралелки образувани продавачки.

zitovane fin

- Младите кои ќе одлучат во наредните четири години да учат за продавачки ќе можат да се вработат во нашата фирма која ќе има потреба од најмалку две паралелки. Исто така и месари за кои имаме потреба. Ние отворивме и опремивме а потоа затворивме пет месари затоа што нема образуван профил. Сега потребата ја решаваме со кадар пред пензионирање. Голема предност е дуалното образование и тоа за севкупниот бизнис, рече Ѓошевски.

Гимназијата „Кочо Рацин“ и УСО „Коле Неделковски“ немаат проблеми со запишување на ученици иако и тие ги чувствуваат последиците од исселувањето на семејствата од градот во странство. Предноста на второто средно училиште се и образовните струки од машинско техничките науки.

direktori fin

На седницата директорката на УСО „Димитрија Чуповски“ и предложи на општината да побара од министерството за образование и во Велес да отвори Вет ценар во едно средно стручно училиште.

-Училиштето ќе биде државно, ќе се финансиира преку фондови на ЕУ се додека се осамостои а ќе ја има намената на Центар за обука на формално и на неформално образование. Потребите на бизнис заедницата од преквалификации . ќе ја нудат Вет центрите, додаде Хеско.

На крајот од средбата градоначалникот Аце Коцевски упати покана до сите бизнисмени во градот да се вклучат со конкретни податоци за потребите од работна рака за да правилно се димензионира стручното образование во општината.У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново