На местото на АТД диспанзерот простор за паркирање и до него катна гаража
Државата и го преотстапи објектот Диспанзер на Општина Велес, на локацијата ќе се организира паркинг простор а до него и катна гаража
На последната седница на Владата, одржана пред три дена, донесена е Одлука за преотстапување на трајно користење без надоместок на Јавно здравствена установа Општа болница Велес. Објектот се наоѓа на улица „Наум Наумовски“. Станува збор за зградата на поранешниот антитуберкулозен диспанзер.
-Локацијата е со површина од 770м2 и штом ќе ги добиеме потребните документи треба да донесеме одлука за рушење на стариот објект кој е надвор од употреба и на тоа место да овозможиме времено паркирање и да обезбедиме околу 60 паркинг места, со што сериозно ќе го ублажиме проблемот со недостатокот на паркинг места во овој дел од градот, кој е густо населен” изјави Коцевски.
Со промената на Генералниот и Деталниот урбанистчки план на соседната локација која е со површина од 670м2 е предвидено подземно паркирање и изградба на катна гаража./У.Ј