Митревска: “За оваа влада, образованиот систем е маргинална категорија затоа што владејачкото мнозинство или шверцерски изгласува компромитирачки закони или не ги почитуваат постоечките“
Обраќајки им се на вработените и раководните лица во образовните институции ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција соопшти дека во нормални услови во земјите каде владите и министерствата ги водат способни личности, образованието е столб на општеството и во него се вложува максимална енергија за да се издигне на највисоко ниво и да се обезбедат услови за негово беспрекорно функционирање. За разлика од земјите каде образовниот систем е основна функционална спрега на системот, во држвата, за оваа влада, образованиот систем е маргинална категорија затоа што владејачкото мнозинство или шверцерски изгласува компромитирачки закони или не ги почитуваат постоечките, нагласи Елизабета Митревска.
-Со години се залагаме за едно општество за сите, без дискриминација, во кое сите сме еднакви. Се залагавме и воведовме инклузија на дечињата со посебни потреби и вклученост во редовниот наставен процес. А што прави оваа влада и што прават претпоставените во Министерството за образование? Во согласност со новиот Закон за основно образование, каде што во членот 6 стои: „За учениците со посебни образовни потреби се обезбедуваат соодветни услови за стекнување основно воспитание и образование во редовните и посебните основни училишта и имаат право и на индивидуална помош за стекнување на основното образование и воспитание“, се предвидува вклучување и водење грижа за развојот на учениците со посебни образовни потреби“, рече Митревска .
Таа во врска со членот од овој закон и последните ветувања, за обезбедување на персонални и едукативни асистенти за учениците со посебни потреби во редовните училишта на Владата на СДСМ и постави пет прашања :
-Дали за секое дете е обезбеден персонален и едукативен асистент или како примерот во многу општини, само за дел од дечињата? Дали за тие дечиња што не сте обезбедиле персонални или едукативни асистенти, родителите се должни од сопствените средства да издвојуваат одреден буџет, со цел нивното дете да добие квалитетно образование? Дали соодветно ги обучивте одделенските наставници за работа со овие ученици? Дали ги обезбедивте сите училишта со потребните дидактички средства за работа, кои им се неопходни на овие ученици? и Во која држава се применува овој модел на работа, дали имате научни факти, произлезени од теренски истражувања дека овој модел ветува успешен инклузивен процес?“, праша Митревска.
Таа констатираше дека на власта одговорите на овие прашања не и биле битни, затоа што во спротивно ќе се потрудела да донесе закон во кој што ќе ги вградела мислењата од експертите во оваа област, кои што укажувале дека нашето општество не е спремно за тотална инклузија во образованието и дека нема доволно средства за нејзина правилна и целосна имплементација со постигнување на вистинските ефекти.
Митревска додаде дека донесениот закон не им помагал на децата со посебни потреби и на нивните родители, туку напротив, им ја отежнувал нивната и онака тешка положба со што само се добивале политички поени и порача дека било срамно и жално да се профитира на оваа категорија на дечиња за што ВМРО ДПМНЕ ќе бара да се понесе одговорност. /У.Ј