(ФОТО) Акцијашите ветерани ги полеваа новозасадените дрвја и садници на „Езеро Младост“
Ги полеаја со вода, денеска, новозасадените садници на брегот на „Езеро Младост“ дел од членовите на Доброволната работна бригада „Кочо Рацин“. По два месеци одкако ги насадија ова е прво органзирано полевање во делот на крајбрежниот појас со засадени израснати дрвја. Првите количини на вода акцијашите ги донесоа со себе, од дома, додека за останатите се полнеше вода во тубите и пластичните шишиња директно од езерото.
-Во денешниот ден, дел од Здружението на грагани „Акцијаш ветерани“ дојде на Младост со цел да видиме колку се израснати дрвцата што ги засадивме и имаат ли потреба од вода. Досега доагањето беше поединечно додека денеска тоа го направивме со организација на дел од членството, поточно на акцијашите од бригадата. Ги полеавме дрвцата на првата парцела и видовме каква е состојбата на погорните парцели, за каде треба поорганизрано да настапиме кога е во прашање полевањето со вода на помалите садници. На тој начин сакавме да покажеме грижа кон засаденото ново зеленило, тоа да расте, да се развива и да му го вратиме сјајот на езерото . Се надеваме дека нашиот пример ќе го следат сите грагани кои при посетата на езерото ќе понесат по една туба или шише со вода со кое ќе ги залеат садниците, рече Данче Андреева, претседателка на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Велес.
Два волонтерски часа поминаа акцијашите во природа со цел да се види и разгледа како напредуваат ,во благата зима,засадените нови „бел дробови “ на Велес. Второто, третото и четвртото полнење на тубите со езерска вода беше макотрпна работа. Водата единствено од езерото можеше да се нацрпи со канти и кофи па да се претури во туби и пластични шишиња.
-Не е тешко но треба уште подобро да се организираме. За да донесеме уште поголема количина на вода ни требаат поголем број на бргадири ветерани. Повеќе водари, како што ние ги нарекуваме со бригадирските правила, побрзо ке можеме да полееме поголем број на садници. Малку технички е потешко со полнењето на вода од езерото, тоа е плитко на крајот, полнењето оди поспоро. Следниот пат ќе осмислиме како побрзо да ни оди полнењето и транспортот до парцелите, затоа што нас ни е значаен ефектот од работата, рече Миле Маџаров, Командант на Доброволната работна бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Велес.
По обиколката на останатите парцели и ветеранското акцијашко искуството беа соопштени првите оценки за зафатеноста на садниците.
-Зимата беше сушна но мислам дека саднците се во одлична состојба. Со поголема грижа сметам дека ќе успееме да се зафатат и сите помали садници со багрем. Бидејки времето е сушно, нема снег, зимава и дожд не заврна во големи количини, со редовно полевање може да им помогнеме на садниците да се зафатат, рече Делчо Костов член на Управниот одбор на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Велес.
Освен полевање со вода, надгледување, на новозасадените израснати садници беше направена и контрола како тие раснат од корен до крошна.
-Со ножци за кроење ги засеков и отстранив сите диво никнати гранчиња околу корените на израснатите дрвца. Крошните се во одлична состојба со веќе создаден простор за израснување на ливчиња кои собираат топлина, влага и му даваат живост на коренот. Самата влага од коренот и доагањето на пролетта даваат комплетна енергија на дрвцата, рече Боре Манев акцјаш ветеран на Доброволната работна бригада „Кочо Рацин“.
На седницата што неделава ќе ја одржи Управниот одбор на ЗГ „Акцијаш ветерани“ ќе биде направен план и организација за наредните полевања и надгледувања на засадените парцели со дрвја како и со друг вид на зеленило на брегот на „Езеро Младост“./У.Ј