Пеце Ацев од Загреб: Загребчани внимателни по потврдените резултати за 3 заразени и 131 лица од коронавирус кои се тестираат во Хрватска
Моменталната состојба со коронавирусот во Загреб е далеку од алармантна или панична, по потврдените резултати за 3 заразени и 131 лица кои се тестираат во Хрватска. Граѓаните подучени од акциите во Италија одлучуваат да купат што е можно повеќе прехрамбени намирници за дома, пренесува за Дума.мк велешанецот Пеце Ацев кој живее и работи во хрватската метропола.Тој е дипломиран новинар.
Од страна на сите големи трговски брендови во Загреб уверуваат дека имаат доволно залихи, но во одредени дуќани веќе можат да се видат празни полици. Најмногу се бараат и заштитни маски кои скоро ги нема никаде.
Неофицијално во Загреб се хоспитализирани и во изолација уште четири лица, а исто така на деветмината сомнителни од Ријека наводите им се негативни. Во вчерашниот ден се очекуваа резултати на уште тројца сомнителни меѓу кои и на девојката од веќе заразениот.
Градот исто како вчера и денеска не е раздвижен како вообичаено, оние кои се со обврски и работа се излезени, нема толку туристи да шетаат по знаменитостите.
Oд Загреб, Хрватска
Пеце Ацев