Препораки за заштита од коронавирусот до велешани од Советот за јавно здравје на Општина Велес
Советот за јавно здравје на општина Велес ја разгледа актуелната состојба со коронавирусот на подрачјето на општината и до граѓаните на Велес ги даде следниве препораки:
1.Да не се создава непотребна паника кај населението (80% од заболените со корона вирус се со лесна клиничка слика, кај 20% се јавуваат компликации, а само кај 2% од заболените, најчесто над 80 години, се со летален исход;
2. ЈЗУ Општа болницата и Инфективното одделение се целосно опремени , со пет соби за карантин, амбуланта со посебен влез, соба за медицински сестри и целосна медицинска опрема потребна за интервенции кај евентуално заболени лица ;
3. Се препорачува на патниците кои доаѓаат од ризичните подрачја, ДА НЕ ОДАТ НА МАТИЧЕН ЛЕКАР, туку врз основа на препораките од добиените флаери да се јават на телефон 071/219-278 и 078/241-837 од каде ќе добијат понатамошни инструкции и ќе бидат соодветно третирани;
4. Учениците кои имаат родинини кои доаѓаат од ризичните региони како што се Ламбардиа, Венето, Емилиа Ромања, Пиемонто, потоа Кина, Хонг-Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Р.Кореја, Јапонија, Сингапур и Тајван, да се изолираат во домашни услови во рок од 14 дена, со поднесување на името и презимето на роднината во своето училиште;
5. Да се зголеми степенот на лична и колективна хигиена во сите јавно-прометни површини и
6. Здравите лица да не носат заштитни маски туку само граѓаните кои имаат дијагностицирано заболување. Тие треба да носат маски.
Дадените препораки се на лекарите др Анастасија Ивановска, др Ненад Коциќ, др.Катица Николова како и на Драги Ртовски и Габриела Трајковска како и на преставници од ЈЗУ Општа болница директорот др Божидар Бојаџиев и инфектологот др Силвана Мишкова и од ЈЗУ Центар за јавно здравје епидемиологот на др Билјана Трајкова./У.Ј